Ушест нуркач
Во сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Podicipediformes
Семејство: Podicipedidae
Род: Podiceps
Вид: P. auritus
Научен назив
Podiceps auritus
(Linnaeus, 1758)
     Breeding range      Winter range
Синоними

Colymbus auritus

Ушестиот нуркач (Podiceps auritus)[2] е член на семејството нуркачи од видот водени птици. Тој, исто така, е познат и како словенски нуркач. Тој е одличен пливач и нуркач и својот рибен плен го гони под вода. Ушестиот нуркач е еден од видовите заштитени со Спогодбата за заштита на африканско-евроазиските водени птици преселници AEWA. Го има и во Македонија.

Опис

уреди

Ушестиот нуркач е мал нуркач со должина од 31 до 38 см и со распон на крилјата од 46 до 55 см. Без исклучок, на лето, и машките и женските примероци имаат црна глава со кафени воздушести пердувести китки по должина на двете страни од нивното лице. Има долг црвен врат, црвеникави очи и мал прав црн клун покриен со бело. Плива по површината на водата.

Гнездење

уреди
 
Јајца

Ушестиот нуркач се размножува во области покриени со вегетација и езера со слтка вода кои се наоѓаат на територијата на Европа и Азија. Тој, исто така, се размножува и во далечни островски делови на Соединетите Американски Држави и Канада. Најмногу од птиците се селат на зима кон крајбрежјето. Тогаш, овој мал нуркач воглавно е бел со остро дефинирана црна капа. За време на парење, викањето на машките единки се слуша како чудна, забележлива серија на гласно гракање и повторувачки звуци, следени со продолжено врескање.

Како сите нуркачи и тој гради гнездо на брегот, близу до водата, од причина што неговите нозе се поставени многу назад и не може добро да оди. Вообичаено полагаат две јајца, а изведените мали шарени птички понекогаш се носени на грбот од родителите.

 
Со перје, вон сезона на парење

Во културата

уреди

Оваа птица меѓу народот е позната како ѓаволски нуркач, пеколен нуркач, нуркач со розови очи и водена вештерка. Неговото име често е скратено, односно заменето од британските птичари со „словенски нуркач“ или едноставно „словен“.

По кажувањето на Индијанците Блекфити, Стариот човек измамник (волшебник) намамил неколку патки да ги затворат очите и да танцуваат додека тој убивал една по една од нив. Но, најмалата патка погледнала, го видела Стариот човек и ги известила другите патки. Оваа „патка“ била ушестиот нуркач, кој станал првиот кој ја забележува неволјата.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Podiceps auritus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Etymology: Podiceps: Latin for podicis (rump) and pedis (foot), referring to the placement of the legs on its body; auritus: Latin for eared.
  3. Weidensaul, Scott (2007). Of a Feather: A Brief History of American Birding. New York: Harcourt, Inc. стр. 8. ISBN 978-0-15-101247-3.

Надворешни врски

уреди