Ноќ на вештерките (филм од 1978)

Ноќ на вештерките (англиски: Halloween) — американски филм од 1978 година, во режија на Џон Карпентер, кој е автор и на сценариото, заедно со Дебра Хил. Главните улоги ги играат: Доналд Плизенс, Џејми Ли Кертис, Чарлс Сајферс, Вил Сандин, Ненси Киз, П. Ј. Соулс, Џон Мајкл Греам и Ник Касл.[1] Филмот е добитник на шест награди, а порди неговото културно значење, во 2006 година бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[2]

Синопсис

уреди

На 31 октомври 1963 година, на Ноќта на вештерките, шестгодишниот Мајкл Маерс (го игра Сандин) ја убива својата сестра со повеќе удари со нож. Потоа, тој е затворен во болница за душевни болести. На 30 октомври 1978 година, д-р Семјуел Лумис (го игра Плизенс), психијатарот кој го лекува Мајкл, пристигнува во болницата за да го одведе Мајкл на судење. Меѓутоа, Мајкл го краде автомобилот на д-р Лумис и бега во родниот град, каде најпрвин убива еден човек, а потоа, од продавницата краде бела маска и ножеви. Утредента, Мајкл (го игра Касл) ја следи студентката Лори Строуд (ја игра Куртис), а во градот пристигнува д-р Лумис во потрага по Мајкл и го известува шерифот Бракет (го игра Сајферс) за опасниот Мајкл. На почетокот, шерифот не верува во неговата приказна, но сепак заедно со докторот ја посетува некогашната куќа на Мајкл. Вечерта, Лори чува едно дете, а нејзината другарка Ани Бракет (ја игра Киз) чува едно девојче во соседната куќа. Во таа куќа доаѓа Мајкл кој ја убива Ани. Малку подоцна, тој ги убива Линда (ја игра Соулс) и нејзиното момче Боб (го игра Греам), а додека ја дави Линда, таа ѝ телефонира на Лори, која сфаќа дека се случува нешто необично. Лори влегува во куќата и ги наоѓа мртвите тела на Ани, Линда и Боб, а тогаш ја напаѓа Мајкл. Таа се бори со него и го повредува, а потоа успева да побегне од куќата. Сепак, Мајкл закрепнува и ја брка Лори во соседната куќа и меѓу нив повторно започнува борба при што таа го прободува Мајкл со нож. Мислејќи дека тој е мртов, Лори ја повикува полицијата, но Мајкл закрепнува и почнува да ја дави, а тогаш во куќата доаѓа д-р Лумис кој неколкупати пука во Мајкл. Кога докторот излегува надвор за да го прегледа телото на Мајкл, тој веќе исчезнал.

Наводи

уреди