Нора Лилијан Олкок
Нора Лилијан Олкок (англиски: Nora Lilian Alcock; позната и како Нора Лилијан Лепарт[1] и Нора Лилијан Леопард[2], 18 август 1874 - 31 март 1972) беше пионер во полето на растителна патологија и првиот овластен растителен патолог во Шкотска.
Нора Лилијан Лепард Олкок | |
---|---|
Роден(а) | Нора Лилијан Скот 18 август 1874 |
Починал(а) | 31 март 1972 | (возр. 97)
Националност | Британка |
Полиња | Растителна патологија, микологија |
Установи | Универзитет Лондон Кралски ботанички градини во Кју Оддел за земјоделство, Шкотска |
Познат по | Прв овластен растителен патолог во Шкотска Истражување за јагодите отпорни на болести |
Поважни награди | MBE (1935) Стипендист, Линенско лондонско друштво (1923) |
Авторска кратенка (бот.) | Н.Л.Олкок |
Живот
уредиНора Лилијан Скот е родена во 1874, ќерка на Еџворт Леонора Хил и сер Џон Скот,[3] правниот советник на Кедиве од Египет. Веројатно нема високо формално образование. Се мажи во 1905 со Натаниел Хнери Олкок, радиолог и се преселува во Канада. Кога нејзиниот сопруг умира од рак во 1913, таа и четирите деца се враќаат во Велика Британија.[4]
Работа
уредиПо нејзиното враќање во Лондон, Олкок добива позиција во Лабораторијата за растителна патологија на Министерството за земјоделство, Кралски ботанички градини во Кју.[4] За време на нејзината работа, Олкок развива стручно познавање во микологија под раководство на сер Џон Фрајер, Џон Рамсботом и професор дама Хелен Гвин-Вон.[5] Олкок станува стипендист на Линенското друштво во 1922, а во 1924 се преселува во Единбург за позицијата на растителен патолог при Одделот за земјоделство и рибарство.[4] Нејзината позиција е со седиште во Единбургските кралски ботанички градини и се фокусира на користење здрави семиња за зголемување на производството на храна.[5] Нора се пензионира во 1937.[5]
Одликувања и признанија
уредиКако резултат на нејзиното истражување за габични инфекции, поточно заболувањето црвено јадро кај јагодите, Олкок се здобива со MBE во 1935. Нејзината работа развива сорти отпорни на болести и каталогизирани болести кои се пренесуваат преку семе.[4]
Во 1924 Олкок станува првиот човек што ја држи новата позција на растителен патолог при Министерството за земјоделство и рибарство.[4]
Нејзината биографија е напишана од Чарлс Едвард Фоистер.[4]
Во Единбургските кралски ботанички градини може да се најде меморијалната плоча посветена на Нора Лилијан Олкок.[6]
Други достигнувања
уредиЗа време на Втората светска војна, таа им предава ботаника на воените заробеници. Член е на Националната федерација за бизнис и професионални женски клубови, како и на Единбургските сороптимисти.[5]
Наводи
уреди- ↑ https://www.thegazette.co.uk/Edinburgh/issue/14634/page/331/data.pdf
- ↑ https://plants.jstor.org/stable/history/10.5555/al.ap.person.bm000341478
- ↑ Brown, Frank Herbert (1912). Викиизвор. . Dictionary of National Biography, Second Supplement, volume 3, p. 280 – преку
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Haines, Catherine M. C. (2001). „Alcock, Nora Lillian née Scott“. International Women in Science: A Biographical Dictionary to 1950. Santa Barbara, Calif. [u.a.]: ABC-CLIO. ISBN 978-1-57607-090-1.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Walker, Agnes (4 March 2012). „Nora Lilian Alcock“. Mapping Memorials to Women in Scotland. Women's History Scotland. Архивирано од изворникот на 2018-05-11. Посетено на 15 October 2013.
- ↑ „Memorial plaque to Nora Lilian Alcock | Mapping Memorials to Women in Scotland“. womenofscotland.org.uk (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-01-30. Посетено на 2018-01-30.
- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Women of Scotland Mapping Memorials to Women in Scotland – Nora Lilian Alcock Архивирано на 11 мај 2018 г.
- Whois.com Nora Lilian Alcock Biography Архивирано на 24 октомври 2013 г.
- International Women in Science - A Biographical History to 1950 - Entry for Nora Lilian Alcock