Новосибирски Острови
(Пренасочено од Новосибирски острови)
Новосибирските Острови (руски: Новосиби́рские острова; јакутски: Саҥа Сибиир арыылара) е островска група во Северноледениот Океан, североисточна Русија, северно од источен Сибир. Островите го делат Лаптевското Море од Источносибирското Море. Тие се одделени од сибирскиот брег со протокот Дмитриј Лаптев. Со површина од околу 38.000 км², тие се под снежната покривка повеќе од девет месеци во годината. Поларната лисица, северниот елен, лемингот и многу видови птици ги населуваат овие острови.[1]
Острови во архипелагот
уреди- Белковски Остров
- Бенета (остров)
- Голем Љаховски Остров
- Вилкицки Остров (Источно Сибирско Море)
- Хенриета (остров)
- Жанета (остров)
- Железнаков Остров
- Жохов Остров
- Бунгеланд
- Котељни
- Мал Љаховски Остров
- Матар
- Наносен Остров
- Неисвесен Остров
- Нов Сибир
- Посаден Остров
- Сркиен Остров
- Столбовој
- Тас Ари
- Усук Карга
- Фадеревски Остров
- Хоптолох
- Хопто Терер
Наводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 36
Надворешни врски
уреди„Новосибирски Острови“ на Ризницата ? |