Новозеландско зелкино дрво
Новозеландско зелкино дрво (Cordyline australis) | |
---|---|
Зелкино дрво | |
Заштитен статус: Безбеден
| |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Монокотиледонски растенија |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Лаксманијакеи |
Род: | Кордилини |
Вид: | Зелкино дрво |
Научен назив | |
Cordyline australis (Фрост. ф.) Хук. ф. |
Зелкино дрво (англиски: Cabbage tree, латински: Cordyline australis, маорски: Tī kāuka или Tī rākau), е монокотиледонско ендемско дрво во Нов Зеланд. Расте до височина од 15 м, отпрвин на само едно стебло, а потоа разгранувајќи се обликува крошна, со тоа што секоја гранка се чатали одкога ќе роди стебло со цвет. Листвите потсеќаат на сабји, и се со должина од 40-90 см, а ширина од 3-7 см при основата, со бројни паралелни жили. Световите се драп по боја и мали по големина - околу 1 см во пречник со шест ливчиња. Цветчињата растат во големи, густи китки со должина од 50-100 см. Плодот е бела бобинка со пречник од 5-7 мм.
Бидејќи растението е богато со јаглехидрати, тоа може да се готви и јаде. Затоа ова растение било важно за прехраната на маорите во последните 800 години. Со радиојаглеродно датирање утврдено е дека ова растение се употребувало во 1000 год.
Зелкиното дрво е исто така добар извор на прехранбени влакна. Материјалнот од стеблото и корењата се прават во јажиња, а листовите се исползуваат за конците од кои се прават ткаенини. Сокот на растението е добра превентива против инфекции. Првите мисионери „правеле подносливо пиво од него“. Комерцијалната вредонст на ова дрво сѐ уште не е наполно проценета. Можно е истото да се користи за нискокалоричен заблажувач (бидејќи е двапати послатко од шеќер) како и за извор на етанол.
Ова дрво исто така се сади како украс, во Нов Зеланд, како и во западна Европа (вклучувајќи ја Велика Британија) и западниот брег на Северна Америка. Бидејќи е поотпорно на студ од другите монокотни дрва, ова растение се користи за давање на егзотичен изглед на една градина. Ова се должи на тоа што растението личи на палма.