Новозеландски сокол

вид на птица
Новозеландски сокол
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Семејство: Соколи
Род: Сокол
Вид: Новозеландски сокол
Научен назив
Falco novaeseelandiae
Gmelin, 1788

Новозеландски сокол (науч. Falco novaeseelandiae) или карејареја (маорски: kārearea) — единствениот ендемски сокол на Нов Зеланд, а со тоа и единствената ендемска граблива птица. Овој сокол често се помешува со поголемата и почеста барска еја.

Птицата живее во густ грм и стрмните падини на Јужниот Остров и ретко се гледа северно од централниот дел на Северниот Остров. Иако е заштитен уште од 1970, оваа птица сè уште се смета за ранлив вид.

Новозеландскиот сокол е екстремно брза и агилна птица која достигнува брзина на летање од 200 км/ч. Најголемиот дел од пленот таа го фаќа за крило, а го убива со т.н. „заб“ кој се наоѓа на клунот, за разлика од други соколовидни кои го убиваат пленот со нозе или канџи.

Се разликува од многу поголемата барска еја (Circus approximans) која се среќава често насекаде во Нов Зеланд, по тоа што другите птици ги фаќа за крило и ретко јаде мрши. Ова е агресивна и прилично насилна птица во одбраната на својата територија. Напаѓа кучиња, а и луѓе.

Со распон на крилја од околу 45 см и тежина ретко поголема од 450 грама, новозеландскиот сокол е речиси двојно помал од птицата „каху“ (барска еја), која ја напаѓа веднаш штом ќе ја види. Мажјаците се за 13 помали од женките.

Новозеландскиот сокол е прикажан на реверсот од банкнотата од 20 новозеландски долари, на две различни поштенски марки, како и на колекционерски монети.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Falco novaeseelandiae. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.