Новодвурски Округ (Мазовско Војводство)

округ во Мазовското Војводство, Полска

Новодвурски Округ (полски: powiat nowodworski) — округ во Мазовското Војводство, средна Полска. Настанал на 1 јануари 1999 г. како последица од законските измени на месната управа донесени претходната година. Седиште и најнаселено место е градот Нови Двур Мазовјецки, кој се наоѓа на 33 км северозападно од Варшава. Други поголеми населени места се Нашелск (21 км североисточно од Нови Двур М.) и Закрочим (5 км на запад од Нови Двур.

Новодвурски Округ
powiat nowodworski
округ
Знаме на Новодвурски ОкругГрб на Новодвурски Округ
Местоположба во Мазовското Војводство
Местоположба во Мазовското Војводство
Карта на општините во округот
Карта на општините во округот
Земја Полска
ВојводствоМазовско
СедиштеНови Двур Мазовјецки
Општини
Површина
 • Вкупно695 км2 (268 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно79.024
 • Густина114/км2 (300/ми2)
 • Градскo39.907
Рег. таб.WND
Мреж. местоМатична страница

Во округот е сместен аеродромот „Варшава-Модлин“.

Во 2016 г. округот зафаќал површина од 695 км2 и имал 79.024 жители, од кои 39.907 (50,5 %) градско, а 39.117 (49,5 %) селско население.[1]

Соседни окрузи

уреди

Новодвурскиот Округ се граничи со следниве окрузи: Пултускиот на североисток, Легионовскиот на исток, Западноваршавскиот на југ, Сохачевскиот на југозапад и Плоњскиот на северозапад.

Поделба

уреди

Округот се дели на шест општини (една градска, две градско-селски и три селски). Тие се следниве:

Општина Вид Население
(2006)
Површина
(км2)
Седиште
Закрочим градско-селска 6.277 71,4 Закрочим
Леонќин селска 5.092 158,8 Леонќин
Нашелск градско-селска 19.259 202,5 Нашелск
Нови Двур Мазовјецки градска 27.545 28,3
Помјехувек селска 8.820 102,3 Броди-Парцеле
Чоснув селска 8.743 128,3 Чоснув


Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди