Новиот чистач (филм од 1914)

Новиот чистач (англиски: The New Janitor) - американски филм од 1914 година, во режија на Чарли Чаплин, кој ја игра и главната улога.[1]

„Новиот чистач“
сцена од филмот
РежисерЧарли Чаплин
ПродуцентМек Сенет
Главни улоги
КинематографијаФренк Д. Вилијамс
СтудиоKeystone Studios
ДистрибутерMutual Film
Премиера24 септември 1914
Времетраење16 минути
ЗемјаСАД
ЈазикНем филм
Англиски

Содржина

уреди

Во оваа кратка комедија, Чарли Чаплин е чистач во една фирма. Тој е несмасен и постојано прави збрки во работата: го истура ѓубрето во канцеларијата, за малку ќе падне од прозорецот, а кога му испаѓа кофата со вода, таа го погодува директорот, поради што тој е отпуштен од работа. Во меѓувреме, на крајот од работниот ден, еден менаџер во фирмата, кој добива уценувачко писмо дека мора да го врати коцкарскиот долг, се обидува да украде пари од сефот, но го здогледува секретарката. Тој ја совладува неа, но во екот на борбата таа го притиснува копчето со кое се повикува чистачот. Така, чистачот повторно се качува на најгорниот кат, каде се бори со менаџерот-крадец при што случајно испалува со пиштолот. Тогаш, во канцеларијата пристигнуваат директорот и еден полицаец. Најпрвин, тие мислат дека чистачот е крадецот, но секретарката се освестува и им кажува дека тој е нејзиниот спасител. За награда, директорот му дава пари на чистачот, а полицаецот го приведува менаџерот-крадец.[2]

Надворешни врски

уреди

Charlie Chaplin: The New Janitor (1914), YouTube

Наводи

уреди