Морска милја

единица за растојание, еднаква на 1852 метри
(Пренасочено од Нми)

Морска милја или наутичка милја (симбол: M; исто така: NM, nm или nmi) — единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан, но приближно една лачна минута географска должина само на екваторот. По меѓународен договор, една морска милја изнесува точно 1 852 метри.

Споредба на морската милја, конпнената милја и километарот.

Единицата не му припаѓа на SI-системот, но е прифатена за употреба со неговите единици. Наоѓа особена примена во морската шпедиција и воздухопловството,[1] но и во поларните експедиции. Застапена е во меѓународното право и меѓународните договори, особено во однос на границите на територијалните води на државите. Морската милја потекнува од копнената милја и е сродна на неа.

Морската милја се користи од морепловците и авијатичарите ширум светот бидејќи е згодна при работа со карти. Највеќето карти се изработени со Меркаторовата проекција, чиј размер варира за фактор од 6 од екваторот до 80° СГШ и ЈГШ. Затоа не е можно да се приложи една иста скала кај размери помали од 1:80.000.[2] Бидејќи во практичното морепловство и воздухопловство, морската милја е еднаква на една минута геог. ширина, растојанието на картите лесно се мери со поделба, користејќи ја скалата за ГШ.

Дефиниција

уреди
 
Историска дефиниција за морска милја.

Меѓународната морска милја е дефинирана на Првото вонредно хидрографско собрание во Монако (1929) како точно 1 852 метри.[1] Ова е единствената дефиниција во широка употреба според Меѓународната хидрографска организација (МХО) и Меѓународното биро за тегови и мерки (МБТМ). Пред 1929 г. постоеле разни дефиниции во разни земји, и затоа требало да помине време за новоутврдената мерка да се прифати СССР, Британија и САД.

Изразено во други единици

уреди

Една морска милја е еднаква на:

  • 1,852 километри (точно)
  • 1,150779 милји (копнени) (точно: 57 875/50 292 милји)
  • 2 025,372 јарди (точно: 2 315 000/1.143 јард)
  • 6 076,1155 стапки (точно: 2 315 000/381 стапки или 1 822 831/300 геодетски стапки)
  • 1 012,6859 фата (точно: 1.157.500/1.143 фата)
  • 10 меѓународни кабли (точно)
  • 10,126859 британски (100-фатен) кабли (точно: 11 575/1 143 британски кабли)
  • 8,439049 американски (120-фатен) кабли (точно: 57 875/6 858 американски кабли)
  • 0,998383 екваторски лачни минути (традиционални географски милји)
  • 0,9998834 средни меридијански лачни минути (средни историски морски милји)

Сродни единици

уреди

Од морската милја е изведена и единицата за брзина јазол. Таа се дефинира како една морска милја на час. Поимите „јазол“ произлегува од традиционалниот начин на мерење брзина со јаже и парче талпа („лог“) т.е. со броење на јазлите на јажето што ќе заминат во водата во текот на дадено време.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), стр. 127, ISBN 92-822-2213-6 (англиски)
  2. Bowditch, Nathaniel, LLD; и др., The American Practical Navigator (PDF) (2002. изд.), Washington: National Imagery and Mapping Agency, стр. 34–35, Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-15, Посетено на 2011-09-20

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди