Ниневиска Рамнина

Ниневиска Рамнина (сириски: ܦܩܥܬܐ ܕܢܝܢܘܐ, арапски: سهل نينوى) е регион во Ирак, северно и источно од вториот ирачки град по големина Мосул. Регионот вклучува три области: Тел Кепе, Ал Хамданија, Ал Шихан, како и античките асирски градови Ниневија, Нимруд и Дур Шарукин.

Локација

уреди
 
Ал Џезира

Ниневската Рамнина лежи источно и североисточно од градот Мосул во провинцијата Нинава. Иако античкиот град Ниневија е основан во источниот дел на Мосул на брегот на реката Тигар, селата населени со немуслиманско малцинско население лежат на исток од истиот. Повеќето од ова население се Асирски Христијани.

Напади на Христијаните

уреди

Од 2004 година па наваму во овој дел на Блискиот Исток се зачестени нападите врз немуслиманското население, односно христијаните. Најголем број од тие напади се случуваат во градовите Багдад, Басра, Мосул и Рамади. Барајќи спас од тие напади, христијанското население пребегнува во оваа Ниневиска Рамнина, каде што мнозинското население се христијани. Ова религиско и етничко чистење од Ирак продолжува и натаму, така што населението не само што пребегнува во овој дел на државата, туку и подалеку на запад, во САД, Шведска и многу други земји.