Никој нема да (филм)
Никој нема да (полски: Nikt nie woła) - полски филм од 1960 година во режија на Казимиж Куц (Kazimierz Kutz), по сценариото на Јозеф Хен (Józef Hen). Главните улоги ги толкуваат: Зофија Марцинковска (Zofia Marcinkowska), Хенрик Боуколовски (Henryk Boukołowski) и Барбара Крафтовна (Barbara Krafftówna).
Синопсис
уредиПо завршувањето на Втората светска војна, многу Полјации се селат во западниот дел на земјата, на подрачјата во кои претходно живееле Германци. Меѓу нив е момчето Божек (го игра Боуколовски), кој сака да побегне од своето минато. Тој ја запознава девојката Луцина (ја игра Марцинковска) и се вљубува во неа. Меѓутоа, нему му се додворуваат две други жени и тој е растргнат меѓу љубовта кон Луцина и желбата да го задржи работното место. Еден ден, во неговиот дом се појавува еден човек, кој во минатото побарал од Божек да убие, но Божек не го направил тоа. Сакајќи да побегне од него, Божек го напушта својот дом и се преселува кај неговата колешка од работата, Њура (ја игра Крафтовна). Притоа, таа му станува љубовница и поради тоа го напушта Луцина. Сепак, Божек повторно ја освојува својата сакана девојка, а потоа го напушат градот.[1]