Никола Пијанманов
Животпис
уредиПијанманов е роден во Струмица, во 1981 година. Во Скопје завршил средно уметничко училиште, а во 2005 година дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на проф. Рубенс Корубин. Работи како уметнички организатор на Здружението за култура Транзен.[1]
Творештво
уредиПијанманов, кој е член на ДЛУМ, активно се занимава со сликарство, скулптура, сценографија и дизајн на плакати. Остварил повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и во странство. Покрај тоа, промовирал и рецензирал повеќе изложби. Во 2022 година остварил студиски престој во Париз. Тој е куратор и уредник на на традиционалната групна ликовна изложба „Несовршен простор“. Исто така, тој пишува рецензии, есеи и текстови во списанијата „Премин“ и „Зенит“[1]