Николај Сличенко (Никола́й Алексе́евич Сличе́нко); 27 декември 1934) е руски актер, пејач[1] и главен директор на Театарот Ромен во Москва. Тој е единствениот Ром кој добил награда за Народен уметник на СССР (1981).[2][3]

Николај Сличенко
Николай Сличенко
Роден(а)Декември 27, 1934
Белгород, Русија
ЗанимањеГлумец, пејач, театарски режисер
Активен период1951–2021
ЗвањеНародни артисти на Русија (1981)
Награди

Животопис

уреди

Николај е роден во Белгород, во Русија, во ромско семејство. Дел од детството го поминал во време на Втора светска војна, во текот на војната, Николај изгубил многу братучеди и блиски луѓе. Кога бил мало момче, неговиот татко бил застрелан прен неговите очи во 1942 година. Послое војната, семејството Сличенко се наоѓала на ромски колективен имот во Вороњешка област. Тинејџерите морале да работат подеднакво со возрасните. Тоа било време кога Николај слушнал за ромскиот театар во Москва и сонувал да настапува во негов театар.

Во 1951 година, Николај е примен во театарот „Ромен“. Тој го привлече вниманието на водечките театарски мајстори. Секако, не му многу олеснило: започна како повеќето, како помошник глумец. Првата главна улога ја добил во 1952 година, кога сè уште немал осумнаесет години. Тоа било времето кога театарот се пресели во Сергијев Посад.

По претставата, Сличенко привлече внимание како способен глумец. Театарот започна да го вклучува во тековните репертоарни претстави. Сè на сè, тој играше во повеќе од шеесет улоги во неговиот домашен театар и глумеше во голем број популарни филмови, вклучувајќи ги „Под дождот и сонцето“, „Мојот остров е син“, Свадба во Малиновка и други.

Во 1977 година, Николај Сличенко стана генерален директор на театарот „Ромен“. Поради тоа, тој мораше да заврши сениорски курс за режисер, во Руската академија за драмски уметности, во 1972 година, под раководство на Народниот уметник на СССР, Андреј Гончаров

Звездата на Николај Сличенков, на 4 декември 1998 године, е поставена на тргоот на звезди во Москва.

Награди и признанија

уреди
 
Сличенко со орденот на честа од претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, 6 мај 2010 година
Ордени
Титули
Награди

Наводи

уреди
  1. Music in the USSR. VAAP-INFORM. 1987. стр. 22.
  2. „Article“. comments.ua.
  3. „Николай Сличенко в Российском гуманитарном энциклопедическом словаре“. Архивирано од изворникот на 20 јули 2012. Посетено на 11 април 2020.
  4. Указ Президента РФ от 27 декабря 2004 г. № 1606

Надворешни врски

уреди