Николај Латишев
Николај Гаврилович Латишев (руски: Николай Гаврилович Латышев; 22 ноември 1913 година - 18 февруари 1999 година) ― судија на финалето на Светското првенство во фудбал во 1962 година, одиграно во Сантјаго, помеѓу Бразил и Чехословачка.[1]
Тој беше првиот судија од ФИФА од Советскиот Сојуз (од 1952 година), како и првиот Советски граѓанин назначен за судија на финалето на Светско првенство.
Пред судиската кариера, Латишев играл за ФК Електрозавод, Сталинец и Динамо Москва.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Накануне юбилея. Первые шаги“. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 2021-06-05.
- ↑ Первый арбитр
Надворешни врски
уреди- Биографија (руски)