Не сум таму (филм)
„Не сум таму“ (англиски I'm Not There) е биографски филм од 2007 инспириран од легендарниот пејач и текстописец Боб Дилан, а режиран од Тод Хејнз. Филмот презентира шест различни нивоа на животот на Дилан и неговата јавна личност. Неговиот лик го толкува ансамбл од глумци: Маркус Карл Френклин, Бен Вишо, Хит Леџер, Кристијан Бејл, Ричард Гир и Кејт Бланшет, кои играат ликови засновани на Дилан, но со различни имиња.
Филмот ја раскажува приказната користејќи нетрадиционални техники, слични на поетскиот наративен стил на Боб Дилан. Своето име филмот го добива од истоимената песна на Боб Дилан од 1967, која не била објавена сè до овој филм. Прифатен од критиката, „Не сум таму“ се најде на многу топ списоци на филмови за 2007.
Сиже
уредиФилмот се отвора со Боб Дилан кој се качува на сцена за да свири. Кадарот се префрла на Дилан како доживува сообраќајна несреќа на мотор, што се случило во 1966 и завршува на аутопсиска маса.