Невролиза
Невролиза - медицинска постапка за отстранување на болката кај пациентите заболени од злоќудни болести. Невролизата започнала да се применува во 1914 година.[1]
Опис
уредиЕден од најчестите симптоми на болните од злоќудни заболувања (особено, оние сместени во абдоменот) е неподносливата, постојана болка во горнито дел на грбот и во горниот дел од стомакот. Болката се јавува како резултат на зафаќање на нервните влакна кои одат од паренхимните органи во абдоменот (панкреасот, црниот дроб, бубрезите, надбубрежните жлезди) кон целијачниот плексус. Бидејќи болката е хронична и не престанува ниту со примена на високи дози на наркотични аналгетици, таа го нарушува квалитетот на животот на пациентите. За третман на оваа болка се применува постапката наречена „невролиза“. Невролизата се применува особено при езофагијален малигном, при злоќудни тумори на желудникот и на панкреасот или злоќудни тумори сместени во лимфните јазли. Таа не треба да се применува во случај на некорактибилна коагулопатија или намален број тромбоцити, заради големиот ризик од крвавење, како и при анавризма на аортата или невообичаен излез на целијачните артерии.[1]
Постапката се изведува со претходна подготовка и со анатомска студија на регијата што треба да се пунктира, а тоа се прави со помош на компјутерска томографија. Исто така, позицијата на иглата се проверува со компјутерска томографија. Како терапевтско невролитичко средство се користи апсолутен алкохол, во количество од 20 до 80 милиграми. Пред да се аплицира терапиското средство се дава контраст за лекарот да биде сигурен каде се наоѓа иглата. Притоа, со тенка игла се влегува во анатомската регија меѓу целијачните крвни садови, мезептеричните крвни садови и пред аортата. Претходно, пациентот треба да биде гладен и да не прима антикоагулантна терапија. Местото се обезболува и се набљудуваат виталните функции. Интервенцијата може да се изведе со преден и заден пристап за пункција. Ефектот од интервенцијата се чувствува веднаш.[1]
По интервенцијата, пациентот треба да лежи во кревет од осум до 12 часа при што постојано се набљудуваат виталните функции (срцевата и респираторната функција) и крвниот притисок. Можноста од компликации е помала од 2%, а најчеста компликација е појава на привремена болка која се регулира со аналгетици што се даваат веднаш по интервенцијата. Исто така, може да дојде до пад на крвниот притисок. Инаку, успешноста на оваа метода се движи од 70% до 90%. Третманот се изведува еднаш, а ефектот е траен.[1]