Неверството на жената на Груица

Неверството на жената на Груица (српски: Невјера љубе Грујичине) - српска епска (ајдучка) песна.

Содржина

уреди

Малиот Груица поставува шатор над Дренополе (Едрене), заедно со малиот син Стеван и сопругата Максимија. Кога Груица легнува да поспие, крај шаторот поминуваат тројца млади Турци. Стеван сака да го разбуди татка си, но мајка му го спречува. Турците ја наговараат Максимија да им се придружи, но се плашат од борбата со Груица, знаејќи дека е голем јунак. Тогаш, Максимија го врзува Груица со синџири, но и покрај тоа, силниот Груица се бори да се ослободи. Сепак, исплашен за судбината на малиот Стеван, тој им се предава на Турците. Одејќи по патот, Стеван се жали дека не може повеќе да оди, но мајка му не сака да му помогне. Кога пристигаат во Дренополе, Турците поставуваат шатори и на пашата му соопштуваат дека го заробиле Груица, а тој богато ги дарува. Барајќи медовина, Турците одат во една меана, каде ѝ кажуваат на меанџиката Мара дека го заробиле Груица, Стеван и Максимија. Бидејќи Груица е нејзиниот побратим, таа става во медовината средство за заспивање. По враќањето во шаторот, Турците се опиваат и заспиваат, а Максимија легнува меѓу нив. На полноќ, Стеван му се жали на татка си дека е гладен, а тој го наговара да го украде ножот од мајка му и со него да го ослободи. Откако се ослободува, Груица ги убива Турците, ја посетува посестримата Мара, пак се враќа во шаторот и почнува да пее. Тогаш се буди Максимија и ги гледа убиените Турци, па го моли Груица за милост. Но, Груица ја носи сопругата во планината и таму ја мачка со восок и со катран и жива ја запалува. Откако Максимија изгорела до градите, тој се сожалува на неа, го гаси огнот и потоа ја закопува.[1]

Осврт кон песната

уреди

Ликовите и настани опишани во песната се измислени.[2]

Наводи

уреди
  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 43-52.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 148.