Невежис

река во Литванија

Невежис (литвански: Nevėžis) — шеста најдолга река во Литванија и една од главните притоки на реката Неман. Нејзината должина изнесува 209 километри и тече само во рамките на Литванија. Претставува втора најдолга река во Литванија, по Швентоји, која тече само во рамките на нејзините граници. Нејзиниот извор е во општината Аникшчијај и реката најпрвин тече кон северозапад, но по градот Паневежис свртува на југозапад и го поминува Кедајнијај, се влева во Неман западно од Каунас близу Раудондварис.

Невежис
Местоположба
Физички особености
УстиеНеман
Должина209
Особености на сливот

Постои раширено недоразбирање дека името „Невежис“ означува „река без ракови“, бидејќи „вежис“ на литвански означува „рак“, а „не“ има исто значење како во македонскиот. Всушност, Невежис е позната по својата разновидност на фауната, која ги вклучува и раковите. Името етимолошки доаѓа од санскрит, односно зборот „вах“ означува виење. Негацијата „не-“ била додадена бидејќи реката е многу бавна и без турбуленции. Името е логично, бидејќи Невежис има најниска височинска разлика помеѓу реките во Литванија и прави многу меандри.

Името на реката се поврзува и со градот Паневежис, петтиот најголем град во Литванија. Неговото име означува „Град близу Невежис“. ФК Невежис и КК Невежис се исто именувани по реката. Невежис е важна за литванската култура, бидејќи тече низ средината на Литванија. Во средниот век, реката се сметала за природна граница помеѓу два региони на Литванија: Жемајтија и Аукштајтија.

Природна средина

уреди
 
Реката во Кедајнијај

Невежис има околу седумдесет притоки: Најголеми се:

  • леви: Алантас, Јуода, Упите, Линкава, Обелис, Барупе, Гинија;
  • десни: Јуоста, Киршинас, Лијауде, Круостас, Дотнувеле, Смилга, Шушве, Алуона, Струна.

Во 1992 година бил созаден паркот Крекенава со цел зачувување на екосистемот во средниот тек на Невежис и околината покрај реката. Паркот е уникатен бидејќи во него се наоѓа европскиот бизон, за кој се прават напори за негово зачувување од исчезнување.

И покрај двата водни канали, Невежис станува многу плитка во текот на сувите лета. Вообичаено е длабока помеѓу 4 и 9 метри. Во поново време, бројот рибите бел амур бил зголемен со цел контрола на водната трева. Невежис, поради ниското ниво на вода, бавниот тек и влијанието на ѓубривата од земјоделството, станува подлога за многу трева. Се надевало дека со пуштањето на рибите во реката ќе се забави процесот. Критиките биле дека рибата нема да преживее во релативно студената клима. Меѓутоа, локалните рибари сè уште фаќаат ваква риба дури и по неколку години откако е пуштена.

Канали

уреди
 
Река Басин
 
Реката во Кедајнијај

Невежис е поврзана со две други големи реки со канали. Со цел намалување на поплавите на реката Левуо, бил ископан каналот Санжиле во 1930 година. Нацрт да се поврзат овие реки бил првпат напишан во 1797 година. Местоположбата била многу погодна: пред околу 9000 години, Невежис била притока на Левуо. Земјата помеѓу реките била ниска и имала мала рекичка Санжиле која служела како основа за новиот канал. Во XIX век, делтата Неман припаѓала на Германците. Ова било пречка во трговијата. Руското царство барало начини за насочување бродови од Неман директно во пристаништето во Рига. Планот бил напуштен поради недоволно средства. Идејата повторно била разгледана во 1914 година, подготовките за изградбата започнале, но биле прекинати од Првата светска војна. По добивањето на изворот на Левуо, поројни дождови предизвикувале поплави во дваесетина села. Било одлучено да се ископа канал во должина од 8 километри. Во 1961-1963 година бил ископан втор канал кој го поврзува Невежис со реката Швентоји. Бил долг 12 километри. Постои пумпна станица близу Каварскас за да го снабдува каналот со вода.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

55°34′14″N 24°56′42″E / 55.57056° СГШ; 24.94500° ИГД / 55.57056; 24.94500