На прагот на животот (филм)
На прагот на животот (шведски: Nära livet), познат и како „Толку блиску до животот“ (во Обединетото Кралство), е шведски филм од 1958 година, во режија на Ингмар Бергман. Главните улоги ги толкуваат Ева Далбек (Eva Dahlbeck), Ингрид Тулин (Ingrid Thulin) и Биби Андерсон (Bibi Andersson).
Синопсис
уредиФилмот претставува суптилен есеј за мајчинството. Сесилија, Стина и Хједрис се сместени во иста болничка соба во акушерска клиника. Сесилија има спонтан абортус, а Стина раѓа мртвороденче. Хједрис носи вонбрачно дете кое сака да го абортира, но по наговор на своите цимерки од болничката соба, се одлучува да го задржи бебето.