На плажата Чезил
На плажата Чезил (англиски: On Chesil Beach) е роман на британскиот автор Ијан Мекјуан, објавен во 2007 година. Овој роман се најде во потесен избор за наградата Букеровата награда за најдобар роман во 2007 година.
Британско издание | |
Автор | Ијан Мекјуан |
---|---|
Изворен наслов | On Chesil Beach |
Земја | Велика Британија |
Јазик | Англиски |
Жанр | Фикција |
Издадена | 2007 |
Страници | 166 |
OCLC | 76797966 |
Вашингтон Пост и критичарот добитник на Пулицер Џонатан Јардли го поставија романот на списокот на најдобрите десет романи во 2007 година, фалејќи го авторот: „Фикцијата на Мекјуан станува сè подобра“.
Синопсис
уредиВо јули 1962 година, Едвард Мејхју и Флоренс Понтинг - млад, тукушто венчан брачен пар - се наоѓаат во хотел на плажата Чезил. Таму се на нивниот меден месец. За време на вечерта во која ќе треба да го конзумираат бракот за првпат, и двајцата се сеќаваат на настаните што довеле до нивната средба, како и на нивниот живот пред да се венчаат.
Но Едвард и Флоренс се различни: Едвард е паметен, но брзоплет и сексуално мотивиран; Флоренс, поради кодот на однесување во тоа време, е преплашена од интимност. Оваа разлика ќе доведе до конечна промена во нивната врска.
Романот ги истакнува карактерните разлики на ликовите, како и нивните ставови и развитокот на нивната љубов во осамнувањето на сексуалното будење во 1960-те во Британија.
Филмска адаптација
уредиМекјуан објави дека напишал сценарио за „На плажата Чезил“ и дека Сем Мендез ќе биде режија. Се надева дека снимањето ќе почне на крајот од 2010 година. Исто така, има изјавено дека сака Кери Малиган да ја глуми Флоренс.
Надворешни врски
уреди- Критика во Економист
- „На плажата Чезил“ Архивирано на 17 мај 2007 г. на мрежното место на Мекјуан