Најважниот настан откако човекот стапна на Месечината

„Најважниот настан откако човекот стапна на Месечината“ (француски: L'événement le plus important depuis que l'homme a marché sur la lune) — француски филм од 1973 година, во режија на Жак Деми (Jacques Demy), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Катрин Денев (Catherine Deneuve), Марчело Мастројани (Marcello Mastroianni), Клод Мелки (Claude Melki), Миреј Матје (Mireille Mathieu) и Морис Беро (Maurice Biraud).[1]

Синопсис

уреди

Марко Мазети, инструктор во авто-школо, живее со Ирен де Фонтноа и со нивниот син Лука. Еден ден, тој чувствува необична болка, па оди на преглед кај д-р Делавињ, а тој го упатува кај познатиот гинеколог Шомин де Латур. Гинекологот му соопштува на Марко дека е бремен веќе четири месеци и смета дека оваа необична појава е предизвикана од хормонски промени поврзани со современата исхрана. Набргу, случајот на Марко станува познат, а тогаш драстично се зголемува работата на фризерскиот салон што го води Ирене...

Наводи

уреди