Национален театар „Клаудио Санторо“
Национален театар „Клаудио Санторо“ (португалски: Teatro Nacional Cláudio Santoro) — театарска зграда во Бразилија, Бразил, проектирана е од бразилскиот архитект Оскар Нимаер изградена е од1976 до 1981 година[1].
Национален театар „Клаудио Санторо“ Teatro Nacional Cláudio Santoro | |
---|---|
Teatro Nacional Cláudio Santoro | |
Национален театар Клаудио Санторо | |
Општи податоци | |
Вид | Театар |
Стил | Модерна |
Град | Бразилија |
Земја | Бразил |
Координати | 15°47′32″S 47°52′49″W / 15.7922° ЈГШ; 47.8802° ЗГД |
Почната | 30 јули, 1960 |
Завршена | 1966 |
Обновена | 1976–1981 |
Сопственик | Федералниот округ на Бразил |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Оскар Нимаер |
Опис
уредиЗградата има трапезоидна форма изградена е од армиран бетон, затворена од сите страни.Надворешната фасада е препокривана со одредени релјефни скулптурални коцки кои придонесуваат во специфичниот геометризам со апстрактни асоцијации.
Внатрешниот, просторот е целосно проектиран според потребите на современ ентериер за театарски претстави - гледачиште и сцена со одредени интервенции кои асоцираат на апстрактна релјефност на плафонот.Во предворието или поголемата површина од влезните пасажи на кровната конструкција има употреба на стакло што придонесува за отвореност, светло и прозрачност пред затворениот театарски внатрешен дел.[2].
Стилски одлики
уредиОскар Нимаер е еден од најзначајните аритекти на дваесеттиот век. Театарот во Бразилија иако денес доста запоставен и во нефункционална состојба е меѓу неговите врви дела. Во својот уметнички израз Нимаер реализира дела во бетон, односно во употребата на пренапрегната - натур бетон. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата на разновидните материјали, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил, внесувајќи и одредени асоцијации кои се потпираат на традицијата во градителството не само на Бразил туку воопшто во развојот и традицијата на архитектурата од целиот свет. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.
Самата зграда на театарот, подоцна ќе биде основа за низа на објекти од ваков вид, според нејзино влијание и одредени интернационални стилски влијанија е и зградата на Македонската опера и балет во Скопје.[3].