Национален строј (организација)

Национален строј била тајна неонацистичка организација основана во Србија во 2004 година. Самата органиација себеси се дефинирала како „политичка организација од пропагандно-образовен карактер чиј поглед на светот се основа врз идејата на национална слобода, социјална правда и расен идентитет“[1]. Како водач на организацијата во медиумите најчесто се споменувал Горан Давидовиќ, студент по истроија од Нови Сад[2]. Организацијата никогаш не е запишана во регистарот на здруженија или политички партиии. Републичкото јавно судство на 14 октомври 2008 на уставниот суд на Србија им поднело барање за забрана на организацијата и како причина навело дека се работи за „тајна политичка организација чие работење е насочено на изразување расна и национална омраза“.

Забрана уреди

Иако организацијата „Национален строј“ никогаш не била официјално регистрирана, уставниот суд на Република Србија ја забранил оваа организација на 2 јуни 2001. После изрекувањето на одлуката, набрзо е згаснато и нивното мрежно место.

Наводи уреди