Наурски јазик
Наурски јазик (dorerin Naoero) — австронезиски јазик кој е службен јазик во Науру. Денес се проценува дека јазикот го говорат околу 7.000 жители. Наурскиот јазик е дел од погрупата на микронезиски јазици.
Науруски јазик | |
---|---|
Ekaiairũ Naoero | |
Застапен во | Науру |
Говорници | 7.000 |
Јазично семејство | |
Статус | |
Службен во | Науру |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | na |
ISO 639-2 | nau |
ISO 639-3 | nau |
Дијалекти
уредиСпоред еден извештај за јазикот од 1937 година објавен во Сиднеј, во Науру имало разлика меѓу дијалектите сè до колонизирањето од страна на Германија во 1888 и воведувањето на првиот печатен текст. Разликите меѓу дијалектите биле големи и луѓето имале потешкотии за разбирање. Со воведувањето на странските јазици и зголемувањето на наурските текстови, јазикот станал централизиран и стандардизиран. Стандардниот и унифициран јазик бил уште повеќе промовиран со преводите на Алоа Кајсер и Филип Делапорт.
Примери
уредиТекст
уредиВо прилог следува извадок од Библијата на наурски јазик:
1Ñaga ã eitsiõk õrig imim, Gott õrig ianweron me eb. Me eitsiõk erig imin ñana bain eat eb, me eko õañan, mi itũr emek animwet ijited, ma Anin Gott õmakamakur animwet ebõk. Me Gott ũge, Enim eaõ, me eaõen. Me Gott ãt iaõ bwo omo, me Gott õekae iaõ mi itũr. Me Gott eij eget iaõ bwa Aran, me E ij eget itũr bwa Anũbũmin. Ma antsiemerin ma antsioran ar eken ũrõr adamonit ibũm. Me Gott ũge, Enim tsinime firmament inimaget ebõk, me enim ekae ebõk atsin eat ebõk. Me Gott eririñ firmament, mõ õ ekae ebõk ñea ijõñin firmament atsin eat ebõk ñea itũgain firmament, mõ ũgan. Me Gott eij egen firmament bwe Ianweron. Ma antsiemerin ma antsioran ar eke ũrõr karabũmit ibũm.
Од примерите се приметува дека во јазикот има доста германски позајмени зборови, како на пример Gott. Овие зборови влегле во јазикот за време на германската окупација.
Зборови
урединаурски | македонски |
---|---|
Anubumin | ноќ |
Aran | ден |
Bagadugu | предци |
(E)kamawir Omo | најдобри желби |
Ebok | вода |
Firmament | земја |
Gott | Господ |
Ianweron | рај |
Iao | светло |
Iow | мир |
Itur | темнина |
orig | почеток |
Tarawong (ka) | пријатно |
Користена литература
уреди- "Nauru Grammar", by Alois Kayser compiled (1936); distributed by the German embassy 1993, ISBN 0-646-12854-X
- Nathan, Geoffrey S. (1974), „Nauruan in the Austronesian Language Family“, Oceanic Linguistics, University of Hawai'i Press, 12 (1/2): 479–501, doi:10.2307/3622864
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |