Наум Манивилов-Преспански
Наум Манивилов - Преспански (Љубојно, Ресенско, 18 јули 1934 – Скопје, 8 октомври 1961) — македонски поет[1].
Животопис
уредиМанивилов - Преспански е роден во преспанското село Љубојно на 18 јули 1934 година. Завршил средно образование. Работел како новинар во весникот „Млад Борец“. Член на ДПМ од 1960 година.[2] Неговата поезија, иако прекината со прераната трагична смрт, оставила силен печат во тогашната развојна етапа на македонската лирика; таа е исполнета со младешки жар и копнеж за слободен израз.
Библиографија
уреди- Преспа, Ск., 1961;
- Ноќен патник, Ск., 1963 – посмртно.
- Ноќен патник, Ск., 1963 – посмртно.
- Песна за мојата пролет
- Шарени квадрати
- Нешто од нештата во нас
- Мала ботаника
- Задоцнета пролет
- Игра на малите нешта
- Автопортрет