Настојување
„Настојување“ (српскохрватски: Настојање) — филм на режисерот Влатко Филиповиќ од 1982 година. Главните улоги ги играат: Мето Јовановски, Ведран Периќ, Миралем Зупчевиќ, Радош Бајиќ.[1]
Содржина
уредиЕден сликар повторно ги преживува траумите од своето детство за време на војната при што доаѓа во судир со околината, но и со себе. Непрекидно барајќи ја смислата на животот, тој на крајот останува сам со своите дела и убеден дека токму неговите слики ќе го надживеат и ќе сведочат за неговиот живот.