Насадени камења
Насадени камења (бугарски: Побити камъни) (до 29 јуни 1942 година Дикилиташ) - камени формации во Варненската Област во Бугарија.
Насадени камења Побити камъни | |
---|---|
Камена пустина, Скаменета шума | |
„Побитите камења“ | |
Место | Варненска Област, Бугарија |
Најблизок град | Аксаково |
Координати | 43°13′35″N 27°42′24″E / 43.22639° СГШ; 27.70667° ИГД |
Површина | 13 км2 |
Воспоставен(а) | 1937 |
Местоположба
уредиНасадените камења се наоѓаат на 18 km од Варна, од двете страни на патот Варна – Софија околу селата Сленчево, Баново и Страшимирово и градот Девња. Распределени се во големи и мали групи на површина од 7 км2.
Опис
уредиПретставуваат камени столбови со различна височина – од 5 до 7 m, дебелина – од 0,3 до 3 m. Изгледаат како насадени во песокот и оттаму им доаѓа името. Столбовите се без цврсти основи, шупливи и пополнети со песок. Некои од нив се наоѓаат на катови со вкупна висина од 5 m.
Потекло
уредиЗа нивното потекло има многу хипотези, кои може да се поделат главно во две групи – за нивно органско и за нивно неорганско потекло. Првaта е поврзана со коралните организми. Според втората нивното потекло се објаснува со атмосферското влијание на карпите, односно нивната ерозија, или образувањето на песочно-варовни наслаги. За да бидат заштитени, во 1937 година се прогласени за природна знаменитост. Месноста во која се наоѓаат Насадените камења, е единствена природно формирана пустина во Источна Европа и една од двете природно формирани пустини во Европа. Втората е пустината „Табернас“ во Шпанија.
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди- Побити камъни на Ризницата ?
- „Побити камъни – профил в Изпълнителна агенция по околна среда“. Посетено на 2014-07-28.
- Побити камъни – Любомир Димитров Архивирано на 17 мај 2007 г.
- Побити камъни – Снимки и информация Архивирано на 8 септември 2015 г.
- По време на Кримската война полк. Хамилтън преоткрива за света Побитите камъни, в „Морски вестник“
- Виктор Тепляков открива за света Побитите камъни, в „Морски вестник“