Осмерец (стих)
Осмерец — стих од 8 слога.[1] Содржи цезура по четвртиот или петтиот слог.[2] Слоговите на крајот од стихот и пред цезурата не се нагласени.[1]
Осмерецот е еден од најзастапените во македонската народна поезија.[2]
- Што ми е мило ем драго
- На Струга дуќан да имам
- Оф леле леле либе ле
- Срцево ми го изгоре…
- (од „На Струга дуќан да имам“ – народна песна)
Во Хрватска го прославил Иван Гундулиќ и бил најзастапен од илиризмот до Шеноа.
Осмерецот бил популарен и во полската поезија.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 http://www.enciklopedija.hr/natuknica.aspx?id=45719
- ↑ 2,0 2,1 „Композиција на песните“. Македонски јазик. Посетено на 18 јули 2022.
- ↑ Wiktor Jarosław Darasz, "Mały przewodnik po wierszu polskim", Kraków, 2003., str. 75-78.