Шри Нарајана Гуру (малајалски: നാരായണ ഗുരു) (1855-1928) познат и како Шри Нарајана Гуру Свами, бил хиндуистички светец, мудрец, пророк и општествен реформатор во Индија.Гуру е роден во семејството Езхава (Ezhava), во време кога уназадените семејства како Езхава (Ezhava) се соочувале со големи неправди во Керала (Kerala), општество под влијание на кастите. Гурудеван, како што бил познат помеѓу своите наследници, се кренал против кастеизмот и работел на пропагирање на нови вредности на слобода во спиритуализмот и општествена еднаквост, при што го променил општеството Керала (Kerala) и поради тоа е познат како пророк.

Нарајана Гуру

Нарајана Гуру е почитуван поради неговото ведско знаење, поетска вештина, отвореност кон видиците на другите, ненасилна филозофија и неговата непопустлива решителност, да ги исправи општествените неправди. Нарајана Гуру бил главен елемент во воведувањето на духовните основи во општествените реформи во денешна Керала (Kerala) кој ги соборил каститите во Индија. Тој демонстрирал патека кон општествената еманципација, без да го предизвика дуализмот на угнетените и угнетувачот. Гуру ја истакнал потребата од духовно и општествено образување на угнетените со нивни сопствен труд, преку градење на храмови и образовни институции. Во текот на овој процес, тој ги игнорирал религиозните хиндуистички конвенции засновани врз Чатурварна (Chaturvarna).

Животопис

уреди

Семејство и почетна фаза од животот

уреди

Нарајана Гуру е роден на 20 август 1856 г, во селото на Чемпазантите (Chempazhanthi), во близина на Тируванантапурам (Thiruvananthapuram), син на фармерот Мадан Асан(Madan Asan) и Кути Ама(Kutti Amma).Нагалено, детето било нарекувано Нану. Мадан, исто така бил и учител („Asan") кој знаел Санскрит и бил стручњак во областа на астрологијата и ајурведа (ayurveda-индиска медицина, со употреба на билки). Тој имал три сестри. Кога бил момче, Нану со воодушевување го слушал својот татко како им раскажува приказни од Рамајана и Махабхарата на обичните селани од селото.На Нану му било овозможено да се запише во традиционалното, основно училиште Ецутиниритал (Ezhuthinirithal) од страна на Чемпазанти Пилаи (Chempazhanthi Pillai), директор на училиштето и селски офицер. Освен на училиште, младиот Нану продолжил да се школува и во домашни услови, под раководство на неговиот татко и вујко му Кришнан Ваидјан (Krishnan Vaidyan) кој бил познат ајурведски физичар и научник во областа на Санскритот, од каде што ги научил основите на јазиците „Тамил" и „Санскрит" и на некои традиционални предмети како Siddharūpam, Bālaprobhodhanam и Amarakośam. Како дете, Нану бил многу ќутлив и сите во храмот интензивно му се восхитувале. Тој ги критикувал своите роднини поради општествената дискриминација и праксата на апертхејд, во сегрегацијата на децата од пониските касти. Тој ја сакал самотијата и на крај многу често го наоѓале потонат во медитација со часови.Тој покажал афинитети кон поезијата и умувањето, при што создавал химни кои потоа ги пеел за да го воспее Бог. Неговата мајка умрела кога тој имал 15 години. Нану, поголемиот дел од неговата младост го поминал во асистирање на татко му во подучувањето, а на вујко му во пракса на ајурведата, додека остатокот од времето го посветил на посветени вежби во поблиските храмови.

Трансформација во учител, јоги и трагач по вистината

уреди

Младиот Нану, на возраст од 21 година, имал ненаситен ум и поради тоа бил испратен кај познатиот научник, Кумампили Раман Пилаи Асан(Kummampilli Rāman Pillai Āśān) во Карунагапали (Karunagapally), село кое било педесет милји оддалечено од неговиот дом. Додека живеел како гостин во куќата на познатото семејство Варанапали (Varanapally) во близина на Кајамкулам (Kayamkulam), Нану, заедно со другите ученици, учел Санскрит и поезија,драма и книжевна критика, како и логичка реторика. Тој ги изучувал ведите и упанишадите. Тој исто така започнал да предава во некое училиште во негова близина.Поради неговото знаење се стекнал со почит од многумина и бил познат како Нану Асан („Nanu Asan"). Нану се вратил дома за да помине одредено време со татко му кој бил на смртна постела. За кратко време раководел со селското училиште за децата од неговото соседство. И во исто време го продолжил својот престој поради „ултимативната вистина", тој често го поминувал своето време затворен во храмовите, пишувајќи поеми и химни и држејќи им лекции на селаните за филозофските и морални вредности.

Брачен живот

уреди

Под притисок на неговото семејство, Нану се оженил со Калиама (Kaliamma), ќерката на традиционалниот доктор од селото. Свадбата, на негово барање, била едноставна церемонија, на која самите сестри на невестата го извеле свадбениот јазол ('Thaali'). Невестата останала со нејзините родители,не многу подоцна, откако Нану Асан станал скитник. 'Parivrajaka' (Париврајака – духовен скитник) По смртта на неговиот татко и жена му, Нану Асан го продолжил својот пат на скитнички Sanyasin. Тој станал 'Parivrajaka' (Париврајака – човек кој талка од место во место во потрага по Вистината). Во текот на овие денови, Нану го запознал Куњан Пилаи (Kunjan Pillai), кој подоцна станал познат како Чатампи Свамикал (Chattampi Swamikal). Куњан Пилаи (Kunjan Pillai), кој ги открил и почитувал филозофската генијалност и страст за јогата на Нану, го запознал со Тајкауд Ајаву (Thycaud Ayyavu), „Hatha" јоги. Со помош на инструкторот, Нану Асан совладал разни јога вежби, вклучувајќи ја и "Hatha Yoga".

Просветлување и негово поетско прикажување

уреди

Нану се преселил во неговото пустинско живеалиште, длабоко во планинската шума Марутвамала (Maruthwāmala), каде што живеел суров живот, потонат во медитирачки мисли и јога и се подложил себеси на ритуали тешки за издржување. Оваа самотна фаза траела долги 8 години. По непретенциозен живот од триесетина години, исполнети со знаење и тешки искуства, оваа епоха се смета за кулминација на медитативниот циклус; точката за која се смета дека Нарајана Гуру ја достигнал состојбата на Просветлување. Подоцна, литературното и филозофско ремек-дело на Нарајана Гуру, "Atmopadeśa Śatakam" (сто стихови за самостојно вежбање, напишано на Малајан, околу 1897 година) се смета за плодно поетско изразување, појаснувајќи ја филозофијата за еднаквост на Гуру, што произлегува од неговото постигнување на фаза на исконско знаење и суштественост на Универзумот; и неговота способност да ја гледа човечката раса, од достојна и возвишена перспектива, како генијалец со неограничена еднаквост и без никаква расна, религиозна, дискриминација по касти, или каков било друг облик на дискриминација.

Осветување на „Siva Lingam" во Арувипурам)

уреди

Учењето од светите книги и вежбањето јога, не ја изгаснало жедта на Нану. Тој продолжил со талкање, во потрага по Вистината. Со текот на времето, стасал до едно убаво место кое се викало Арувипурам (Aruvippuram). Тоа било шумска област. Имало планини наоколу. Шумолењето на рекичката (реката Нејар), исто така било присутно на ова место. Како што се` повеќе луѓе ги сопирале него и неговите следбеници, поради лечење или совет, се јавила потреба од постојан храм за да го обожуваат Шива (Shiva). На убаво место, близу до реката, тие изградиле мал свод со лисја од кокос и манго врз олтар од камен кој се наѕирал од водата. Годината била 1888 година. Тие импровизирале ламби од школки и ги подредувале во низи.Ламбите ги палеле во самракот и флејтист почнувал да свири побожни тонови. Целото место наскоро потоа се наполнило со побожни селани. Гурудеван, кој цела вечер седел настрана и медитирал, на полноќ станал и влегол во реката. Илјадници гледале молчеливо (еден кореспондент напишал, „Доколку тишината би имала музика, атмосферата била исполнета со неа."), него го снемало во реката, и повторно се појавил држејќи во раката идол на Шива. Тој стоел до олтарот три саати држејќи го идолот во рацете, задлабочен во медитација, додека пак, по образите му течеле солзи. Конечно, во три часот наутро, тој го поставил идолот на пиедестал. Неговата постапка била иста како да ги превртиш масите во менувачница, или пак, да не отстапиш од седиштето во автобус. Од почетокот на времето, како што им бил познато на сите, само Браманците имале поставено идол. Но, сепак кога Гурудеван го извршил свечениот обред, многу природно му дошло да избере камен и да го постави идолот на него. За оние кои се прашувале дали тајмингот за осветување е добар и велеле дека времето не било поволно, гледано од астролошки аспект, тој им одговорил:Хороскопот се утврдува по раѓањето на детето, а не претходно. Тој им наредил да постават плоча со мото, на ѕидот на храмот на кое ќе пишува:

Одделени од разделувачките ѕидови на кастите
Или омразени од соперничките верувања
Сите ние живееме овде
Во Братство,
За такво, се смета ова место!
Овој Модел на Темел!

Нова фаза започнала во животот на Гуру во 1904 година. Тој одлучил да се откаже од скитањето и да се смести некаде каде што ќе продолжи со Садана (Sadhana-духовна вежба). Тој го одбрал Сивагири (Sivagiri), кој се наоѓал дваесет милји северно од Тируванантапурам (Thituvananthapuram). Божицата ‘Amba’(Амба), станала божество кое тој го обожувал. Потоа, тој основал училиште за изучување на Санскритот во Варкала (Varkala). Под негова грижа ги земал сиромашните момчиња и сирачињата. Тие биле образовани без разлика во која каста спаѓале. На различни места биле градени храмови – " Kannur"," Anjuthengu"," Tellicherry"," Calicut"," Mangalore". Исто така, бил изграден храм за Шарада Деви (Sharada Devi) во 1912 година во Сивагири.Обожувањето во вакви храмови, помогнало да се намалат суеверните верувања и обреди. Еден од храмовите, изграден во Трисур (Thrissur) е храмот Шри Нарајана во Коркенчери (Koorkenchery). Храмот, има училиште под негова закрила кое се вика „Шри Нарајана". Училиштето ги охрабрувало талентите на учениците, преку организирање на натпревари за таленти. Овие натпревари, секоја година редовно се одржувале и биле подлога за децата да истапат и да ги откријат своите таленти. Во 1913 година, тој го основал "Advatia Ashram" во Алува (Aluva). Овој настан бил многу важен за неговата духовна потрага. Овој Ашрам (Ashram) бил посветен на еден важен принцип – "Om Sahodaryam Sarvatra" (сите луѓе се еднакви во очите на Бог). Ова станало мото на новиот Ашрам.

Кога Нарајана Гуру наполнил шеесет години, неговиот роденден бил набљудуван низ западниот брег, од Мангалор до Шри Ланка. Помеѓу 1918 и 1923 година,тој многупати ја посетил Шри Ланка. Во 1921 година, била одржана „Конверенција на универзалното братство" во Алува. Повторно, во 1924 година, таму била одржана конференција на сите религии. Гуру ја истакнал потребата од Brahma Vidyalaya поради компаративно изучување на различни религиозни верувања. Шри Нарајана Гуру имал многу следбеници и истомисленици. Натараја Гуру, познат истомисленик на Шри Нарајана Гуру,му ги претставил визиите и идеалите на Гуру на западниот свет. Тој во 1923 година, го основал "Narayana Gurukulam" во планините Хилгири, со благослов од Нарајана Гуру.

„Om Sahodaryam Sarvatra" (Братство за сите)

уреди

Во 1913 година, Гуру основал Ашрам во Алува. Тој бил наречен "Advaita Ashram". Ашрамот бил посветен на многу важен принцип – "Om Sahodaryam Sarvatra" (сите човечки суштества се еднакви пред очите на Бог). Во 1921 година, била одржана „Конференција на универзалното братство" која се одвивала во Алвај (Alwaye). Повторно, во 1924 година, таму била одржана конференција на сите религии. Гуру ја истакнал потребата од "Brahma Vidyalayam" поради компаративно изучување на различни религиозни верувања. Институција, наречена "Narayana Gurukulam", била основана во планините Нилгири, "Tamil Nadu" од Бодананада Свамикал (Bodhananda Swamikal) кој подоцна бил предаден на Натараја Гуру. Последно патување до Цејлон (Ceylon) Гурудеван повторно го посетил Цејлон во 1926 година. Додека се движел низ Тамил Наду, за да стигне до Цејлон, тој поминал низ многу искуства. Додека бил во храмот „Шри Ганапати", за време на силен дожд, тој рекол, „ Доколку некој пишува моја биографија, овие искуства не смее да ги пропушти, тие мора да бидат запаметени." По патувањето до Цејлон, Гурудеван не сакал да се врати. Но, сепак се вратил, само поради постојаните барања од неговите истомислениции следбеници.

=== Порака до Шри Нарајана Дарма Парипалана

Во порака до SNDP Yogam, во 1926 година, Гурудеван изјавил, „Ниту една заедница не може да напредува доколку нема организација". Понатаму, во истата порака, тој рекол, „Името Езхава "Ezhava", не се однесува на каста или религија, и сите имаат право да влезат во храмовите." Ова значи дека, луѓето може да се зачленат во оваа организација без оглед на разликите, или кастите во кои припаѓаат. На 14 јуни 1927 година, Шри Нарајана Гуру посветил огледало – со пораката „Ом шанти" (Om shanty), напишана на површината- во храм во Калаванкоде (Kalavankode). "Prathishta" (Пратишта- ритуал, или церемонија со кој, духот или битието на божица се вселува, или се повикува да се всели во икона или фигура од таа божица) на огледалото е симболичен ритуал во кој, Адваита филозофите (Advaita Vendata – филозофија за единственоста и уникатната божествена природа на човекот)го толкуваат огледалото, како видлив симбол за единството на Конечното и Бесконечното. Тоа била последната пратишта, што Гуру би ја направил. Поприфатени биле училиштата отколку храмовите, тој на драматичен начин го сменил фокусот. Гурудеван учествувал на годишнината од "SNDP Yogam" одржана во Палурути (Palluruthi) во 1927 година. Тоа била извонредна средба на која, луѓето ја покажале искрената и предана верба во Гурудеван. Т.К. Мадхаван (T.K. Madhavan) бил еден од главните архитекти на оваа средба. Во 1928 година, Гурудеван учествувал на специјална средба на "SNDP Yogam" во Котајам (Kottayam) и им дал сертификати за регистрација на организациите кои потекнувале од оваа организација. Иако Гуру ја основал "SNDP" како форумза да ги води активностите за општествена еднаквост и општество без касти, на крајот испаднало дека "SNDP" била форум на кастата Езхава (Ezhava), што било контрадикторно со визиите на Гуру. Во "SNDP Yogam", се коваат разни завери против другите, кои се обвинуваат за нерегуларности и корупција. Постојат тврдења дека, "SNDP Yogam" ја контролираат ликер бароните. Иронично е тоа што денес, "SNDP Yogam" ги претставува токму оние работи/идеи за кои Гуру се противел.

Поклонение Шивагири

уреди

Поклонението Шивагири го смислил Валабасери Говиндан Ваидјар (Vallabhasseri Govindan Vaidyar) и Т. К. Китан Вритер (T. K. Kittan Writer). Во јануари 1928 година, бил прописно одобрен од Гурудеван. Ова се одржало во храмот "Nagambadam Shiva" на "SNDP". Било 3 часот попладне, а Гурудеван одмарал под дрво од манго додека двајца го презентирале концептот на Шивагири поклонението. Пред да ги даде неговите благослови, тој претходно ги претставил целите на овој поклонение. Тој рекол: „Оние кои ќе одат на поклонение да се соберат на почетокот на европската Нова Година. Тогаш според Малајамскиот календар треба да биде Дану 16-17(Dhanu Yatra – фестивал). Аџиите нека го следат 10дневното прочистување, според Шри Буда (Sri Buddha), принципите за петте чистоти (pancha dharma) – тело, храна, ум, збор и дело. Тој наредил аџиите да носат жолта облека – бојата на облеката што ја носел Шри Буда. „Никој да не купува жолта свила, само затоа што рековме дека облеката треба да биде жолта. На поклонението не е потребна ниту нова облека. Аџијата може дури и да натопи бела облека во вода со боја и истата да ја облече откако ќе се исуши. Поклонението треба да биде едноставен и по можност исполнет со пеење на химни. Не треба да има викање и аџиите треба скрупулозно да го одбегнуваат луксузот на перчењето. За Говиндан Ваидјар и Китен Вритер, Гурудеван на прсти ги набројал целите на поклонението, притоа објаснувајќи како да се достигнат тие цели. Целите билеподобрување на:

  • 1. Образование
  • 2. Чистота
  • 3. Посветеност кон Бог
  • 4. Организација
  • 5. Земјоделство
  • 6. Трговија
  • 7. Занаетчиство
  • 8. Техничка обука

Тој ги советувал да организираат серија на предавања на дадените теми кои ќе ги водат стручни лица. „Предавањата треба да се слушаат премногу внимателно. Уште поважно, принципите треба да бидат спроведени во дело. Трудот мора да биде проследен со успех. Само тогаш земјата и луѓето ќе имаат корист од тоа. Ова мора да биде главната цел на Шивагири поклонението." Настанот "Palluruthi" во 1927 година бил последната годишнина на "Yogam" на која присуствувал Гурудеван. Исто така, тоа била последната јавна функција на која Гурудеван ја извршил. Гурудеван отишол во Велур Мут (Vellur Mutt) во Ваиком (Vaikom) за да се одмори. Таму се разболел. Прво се лечел во Алвеј (Alwaye), а потоа во Трихур (Trichur). Д-р Кришнан (Krishnan), го однел Гурудеван во Палгат (Palghat). Потоа отишол да се лекува во Мадрас (Madras).

Смрт

уреди

Во септември 1928 година, Гурудеван сериозно се разболел. Некое време останал „врзан" за креветот. Голем број негови следбеници доаѓале да го посетат. Истата година, роденденот на Гурудеван бил прославен на многу места, најмногу во Керала, Мадрас, Мангалор, Шриланка и Европа. На 20 септември, Гуру починал.

Филозофијата на Нарајана Гуру

уреди

Довикувајќи од земјата Ади Шанкара (Adi Shankara), Шри Нарајана Гуру бил голем поборник и обновувач на "Advaita Vendata". Филозофијата на Гуру, која во принцип е од Адваитичка (Advaitic) и единствена мудрост, понатаму ги проширила Адваитичките концепти на практичен начин на самореализирање преку духовно образување, милосрдие и мирна коегзистенција на човештвото,а притоа промовирајќи ги општествената еднаквост и универзално братство. Неговата филозофија строго ја обвинувала дискриминацијата во име на касти или религија и го истакнувала фокусирањето на образованието и приватните претпријатија за тогашното подобрување на квалитетот на живеење. Филозофијата на Гуру ја истакнувала отпорноста помеѓу вистинското постоење на „општа реалност" на Земјата и онаа Божествената која е творба на Универзумот.

Филозофијата на Гуру е претставена во неговите мистични ракописи кои ги поправаат недостатоците во етиката, логиката, естетиката и метафизиката проткаени во ремек-делата на свилената богата поезија. Книжевните дела на Гуру на малајалски, санскрит и тамилски, се на концептуално и естетско ниво еднакви со Упанишадите. За време на нејзината концепција, филозофијата на Нарајана Гуру, во многу аспекти била напред со времето и се фокусирала на футуристички свет кој можел да се создаде од неговите филозофски конотации што се зацврстени со трансцендентна естетика и логика вплотени во знаење и чиста причина. Повеќето изучувачи на филозофијата на Нарајана Гуру се далеку по неговото време, а бројот се` повеќе расте.

Толеранција кон другите

уреди

Порака испратена од Нарајана Гуру до Саходарасангам (Sahodarasangham), за време на нивната годишна конференција- 15 мај, 1921 година. Гуру имал следбеници од сите начини на живот. Некои од нив биле атеисти. Адваитик до ср`ж, тој не ги разликувал луѓето врз основа на нивната религија, каста, боја или верувања. Тој ги толерирал сите филозофии кои се залагале за човештвото. За да ги избегне намерите на некои од неговите следбеници, да го поистоветуваат со општеството во кое е роден, Нарајана Гуру бил присилен експлицитно да изјави дека не припаѓа на ниту една каста или религија. Во порака која ја испратил во 1916 година, тој изјавил: „Поминаа многу години откако се откажав од кастите и религиите. Сепак, некои луѓе мислат дека јас сум припадник на нивната каста. Тоа не е точно. Јас не припаѓам на ниту една каста или религија."

Влијанието на Гуру врз други општествени мислители

уреди

Со оглед на системот на кастите, Ганди (Gandhi) му го рекол следново на Нарајана Гуру: „Хиндусите од повисоките касти и оние од пониските, сите се синови на Хиндуизмот. Хиндусите од повисоките касти се постариотбрат кој се справува со одговорноста и ужива одредени привилегии. Додека пак, хиндусите од пониските касти се помалиот брат кој треба да биде згрижен. Доколку поголемиот брат стане груб и агресивен, тоа не значи дека помалиот брат треба да побегне од својата мајка, Хиндуизмот." Меѓутоа, Нарајана Гуру не се согласил со него и ја нагласил својата толерантност кон оние кои се преобразиле во други религии, со аргумент дека, секој треба да го следи она во што вистински верува. Тој исто такасе сомневал во логиката на аргументот на Ганди, тврдејќи дека кастите во Индија биле општествено-економско прашање.

Познатите предавања на Гуру

уреди
Една каста (jati) Една религија, Еден Бог за Луѓето
Сите се од едно братство , Таа изрека треба да ја признаваме, На таква светлина, како може да одземеме живот и Обземени од милосрдие да седнеме да јадеме
Која било религија, Одговара, Доколку оформува подобар човек.
Не прашувај, Не кажувај, Не мисли во касти
Делата кои човек ги прави за свое добро, Исто така, треба да бидат и за нечие туѓо добро
Љубовта на другите е мојата среќа, Мојата љубов е среќа за другите. И така, навистина, делата во корист на еден човек, Мора да бидат причина и за туѓата среќа.
Љубезност, Љубов, Милост – сите три – Формираат една реалност – Ѕвездата на животот. Оној кој сака, е оној кој вистински живее.
Било што може да биде разликата во човековата алчност, облека, јазик итн. Бидејќи сите тие припаѓаат на еден вид творба, нема ништо лошо :во заедничка вечера, или брачен живот помеѓу двајца.
Ликерот е отров. Не го прави, Не го продавај, Не го пиј.
Обземени од разделувачките ѕидови, Од кастите или расите, Или омразени од соперничките верби, Сите ние живееме во братство.
Напредок преку образование. Сила со организација.

Првата „Jnana Vigraham“ (статуетка) од Нарајана Гуру

уреди

По неговата смрт, на Нарајана Гуру му биле оддадени формални признанија и почести од државата, интелегенцијата и општеството. Во 1901 година, во прирачникот од државниот попис во Траванкор, Шри Нарајана бил запишан како почитуван „Гуру" и како учен Санскрит научник. Остра црта во статистиката, била повлечена од страна на криминалната комисија поради морализирачкото влијание на Нарајана Гуру врз општеството. Во 1904 година, тогашниот Махараџа во Траванкор го ослободил Нарајана Гуру од лични појавувања на суд, чест со која се истакнува Гуру како личност. Првата статуетка на Гуру била замислена од Моркот Кумаран (Moorkoth Kumaran) и била извајана од италијанскиот вајар Проф. Тавароли додека Гуру бил сè уште жив. Бронзената статуетка, за која требало 14 месеци работа, била поставена во храмот „Jaggannaatha“ во Таласери (Thalassery)и откриена на 13 март 1927 година, по осветувањето на статуетката од страна на Бодананда Свамикал, ученик а потоа и именуван наследник на Нарајана Гуру. На умирањето (Mahasanadhi) на Гуру, познатиот поет и добитник на многу награди Махакави Г. Санкара Куруп (Mahakavi G. Sankara Kurup), му оддал почит на Нарајана Гуру, со тоа што напишал малајалски стих со длабока почит кон Гуру, исто како кон втор Буда. Наследството на Шри Нарајана Гуру, останува да се цени на нивоа на општествените, интелектуалните и духовните организирани заедници низ цел свет. Марката издадена од владата на Шри Ланка Низ цела Керала и надвор од неа, стотици мали Гуру храмчиња во вид на капели, биле посветени за спомен и воспевање на Шри Нарајана Гуру. Во последно време, статуетка во различен, иконографски стил на Нарајана Гуру, по име „Jnana Vigraham“ била создадена од група на артисти, како сугестивен модел за во иднина, со цел да се подобри естетскиот квалитет на статуетките на Нарајана Гуру кои ги красат домовите и храмчињата на Гуру ширум светот. На почетокот на XXI век, Шри Нарајана Гуру бил прогласен за „Најголем Малајалец на векот" од водечкиот весник во Керала "Malayala Manorama." Цела насловна страница од весникот му била посветена на Нарајана Гуру на 31 декември 1999 година. Исто така, Нарајана Гуру бил номиниран и во 100 најдобри живи луѓе од страна на „Malayala Manorama" по повод центраните прославувања на „Malayala Manorama“ во 1988 година.

Свети следбеници на Гуру

уреди

Sree Bodhananda Swamikal (Шри Бодананда Свамикал) Sad Guru Shivalingadasa Swamikal (Сад Гуру Шивалингадаса Свамикал) Satyavrata Swamikal (Сатјаврата Свамикал) Chaitanya Swamikal Чантанја Свамикал) Nataraja Guru (Натараја Гуру) Swamy Ananda Theerthan (Свами Ананда Тертан) Swamy Dharma Theerthan (Свами Дарма Тертан) Swamy Ernest Kerk (Свами Ернест Керк) Govindhananda Swami (Говиндананда Свами) Dharma Thirthar Swami (Дарма Тиртар Свами) Atmananda swami (Атмананда Свами) Sankarananda Swami (Санкарананда Свами) Sreenarayana Theerthar (Сренарајана Тертар)

Дела

уреди

На малајалски

уреди

"Swanubavageethi" "Atmopadesa Śatakam" "Advaitha Deepika" "Arivu" "Daiva Dasakam Play Now" "Jeevakarunya Panchakam" "Anukamba Dasakam" "Jathi Nirnayam" J"athi Lakshanam" "Chijanda Chinthakam" "Daiva Chintanam - 1 & 2" "Athma Vilasam" "Shiva Satakam"

На санскрит

уреди

"Darsana Mala" "Brahmavidya Panchakam" "Nirvruthi Panchakam" "Slokathrayi" "Vedantha Suthram" "Homa Manthram" "Municharya Panchakam" "Asramam" "Dharmam" "Charama Slokangal" "Homa Mantram" "Chidambarashtakam" "Guhashtakam" Bhadrakaliashtakam "Vinayaka Ashtakam" "Sree Vasudeva Ashtakam" "Genani Navamanjari"

На тамил

уреди

"Thevarappathinkangal" Преводи "Thirukural" "Isavasyo Upanishad" "Ozhivil Odukkam"

Неговото знаење придонело за да го почитуваат многу луќе и станал познат како „Нану асан".

Гуру во филм

уреди

П.А. Бекер (P.A. Backer – 1940/1993) еден од „новопечените" филмски продуценти на 1970-тите, го режирал филмот „Шри Нарајана Гуру" во 1985 година. Во 2010 година, бил режиран филмот 'Yugapurushan' кој исто така е за животот на Шри Нарајана Гуру. Филмот го режирал Р. Сукумаран (R. Sukumaran) кој претходно ги режирал "Rajashilpi " и "Padamudhra" и двата критички признати филмови. Улогата на Шри Нарајана Гуру ја игра Талаивасал Виџеј (Thalaivasal Vijay). Приказната се состои од над 2000 рачно нацртани слики. На кастингот биле некои од најдобрите глумци од филмската индустрија на малајалски јазик.