Нараснато тесто
Нараснато тесто е она тесто кое покрај брашно содржи и лебен квасец, така што тестото под дејство на квасните габи (кои во течноста — млеко или вода со можен додаток на шеќер — испуштаат јаглерод диоксид на соодветна температура) нараснува и станува пенесто. Квасецот кој се додава може да биде свеж пекарски квасец или сушен, пакуван во вреќички. За колач или леб од 500 g брашно, треба 30-40 g квасец, меѓутоа количеството на квасец зависи и од тежината на тестото, односно додатоците како што се зашеќерено овошје или маснотии.
Типови нараснато тесто
уредиТешко нараснато тесто
уредиОсновните состојки на тешкото нараснато тесто се поголемата количина на маснотии (путер или маргарин), шеќер, јајца и брашно. Најпрво на брашното се нанесува квас (смеса од квасецот, малку топла течност и шеќер), па 15 минути се остава на топло место да нарасне, а потоа квасец се додава на преостанатото брашно и се замесува мазно тесто, со гмечење и удирање на тестото. Тестото најдобро се меси со раце, бидејќи се осетува неговата влажност и цврстина, па според потребата му се додава брашно. По мешањето, тестото повторно се посипува со брашно, се покрива со крпа и се остава на топло место да нарасне и да го удвои обемот. Потоа тестото се обликува по желба, полни со фил или украсува и подготвено за печење одново се покрива со крпа и се остава уште еднаш да нарасне, а се пече во рерна или фурна.
Од тешко нараснато тесто вообичаено со подготвуваат: леб, најразлични штрудли (со ореви, со мак, со мармалад), сирењаци, млечни кифли и сл.
Лесно нараснато тесто
уредиКрофните се подготвуваат од многу лесно тесто и се пржат во длабоко загреана маснотија.
Течно нараснато тесто
уредиМешаното нараснато тесто има поголем удел на течност и јајца, течно е и не треба долго да се меси, но и невозможно е да се обликува, па се пече во калапи каков што е куглоф.
Литература
уреди- Vladimir Katanec, Kuharstvo 2, Školska knjiga, Zagreb, 1997. godine, ISBN 953-0-20808-1