Анастасија „Наина“ Јосифовна Елцина (руски: Анастасия "Наина" Иосифовна Ельцина, моминско име Гирина; родена на 14 март 1932) е вдовица на првиот претседател на Русија, Борис Елцин.

Наина Елцина
Наина Ельцина
Елцина прославувајќи го својот 85-ти роденден во 2017
Прва дама на Русија
На должноста
10 јули 1991 – 31 декември 1999
Претседател Борис Елцин
Претходник Нема
Наследник Људмила Путина
Лични податоци
Роден(а) Анастасија Јосифовна Гирина
14 март 1932(1932-03-14)(92 г.)
Оренбуршка област, Руска СФСР, Советски Сојуз
Сопружник Борис Елцин (в. 1956; починал 2007)
Деца 2, вклучивајќи ја Татјана Јумашева

Ран живот и образование

уреди

Наина Елцина била родена во Оренбуршката област во 1932 година. По дипломирањето на градежниот факултет на Уралскиот политехнички институт во Свердловск (денешен Екатеринбург) во 1955 година, таа работела со различни проекти во Свердловскскиот институт.

Личен живот

уреди

Во 1956 година се омажила за Борис Елцин, кого го запознала на Свердловскиот институт, а од 1985 година живеела во Москва. Тие имаат две ќерки, Елена и Татјана, родени во 1957 и 1960 година, соодветно.

Прва дама

уреди

Наина Елцина ретко се била во јавноста. Таа го придружувала нејзиниот сопруг на некои од неговите странски посети, вклучувајќи ги посетите во 1997 година на Шведска[1] и Финска[2] и посетата на Кина во 1999 година.[3] Генерално, Наина Елцина никогаш не се мешала во политичката работа; сепак, во изборната кампања во 1996 година, таа се сретнала со гласачите и давала интервјуа за медиумите.[4] Таа се појавила во јавноста во април 2007 година на државниот погреб на нејзиниот сопруг во Москва.

Подоцнежен живот

уреди

Во 2017 година, Наина Елцина ја промовирала својата автобиографија и во Елцинскиот Центар, а потоа и во Москва.[5][6][7]

Наводи

уреди
  1. „The Swedish Royal Court, The Monarchy - State visits 1990-1999“. Архивирано од изворникот на 2017-12-23. Посетено на 2023-05-04.
  2. Visitors to Finland
  3. Russian President Leaves Beijing for Home
  4. 1932 - родилась Наина Иосифовна Ельцина Retrieved 24 April 2007
  5. Биография Наины Ельциной // РИА Новости
  6. Наина Ельцина читает фрагменты своих мемуаров // Анонс Ельцин-Центра, январь 2017.
  7. Наина Ельцина представляет мемуары «Личная жизнь» // Анонс Ельцин-Центра, июль 2017.

Надворешни врски

уреди
Почесни титули
Претходник
нема
Прва дама на Русија
1991-1999
Наследник
Људмила Путина