Надежда Попова
Надежда (Надија) Васиљевна Попова (украински: Надія Василівна Попова, руски: Наде́жда Васи́льевна Попо́ва; 17 декември 1921 – 8 јули 2013) — командант на ескадрила во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки полк за време на Втората светска војна, која се здобива со значајна домашна слава откако извршува 18 бомбашки мисии во една вечер заедно со навигаторот Екатерина Рјабова. Се појавува во списанието Огоњок[1] и многу други големи советски публикации за време на војната. Наградена е со титулата Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 за извршување на 737 мисии.
Надежда Попова Надія Василівна Попова | |
---|---|
Починал | 6 јули 2013 (91 година) Москва, Русија |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1952 |
Чин | Полковник |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Ран живот
уредиПопова е родена во Шабановка (Орловскаја Област), Русија, на 17 декември 1921 година.[2] Ќерка на железничар, расте покрај полињата со јаглен во Донецк, Украина. Како адолесцент, ја сака музиката, песните и танцувањето, земајќи учество во аматерски претстави и мјузикли, сонувајќи да стане глумица. Економист известува дека таа „беше див, нескротлив дух, на кој лесно му здодева; сакаше танго, фокстрот и сакаше да пее џез музика. Тоа ја правеше да се чувствува слободна.“[3] Кога мало летало слетува во близина на нејзиното село, таа е зашеметена од воздухопловството и се запишува во училиште за летање на возраст од 15 години[2] без да им каже на своите родители.[4] „Секогаш кога одеше накај авионот, во стомакот ќе почувствуваше возбуда; секогаш кога ќе полеташе, одново и одново беше воодушевена.“[3]
Во 1937 година на 16 годишна возраст, првпат скока со падобран и првпат лета сама, без придружба. И покрај противењето на нејзините родители, Надежда ја следи својата нова страст и ја добива својата лиценца за летање.
Првично е одбиена како студент од страна на пилотско училиште,[5] но откако Полина Осипенко, инспекторот за воздухопловство во Московската Воена Област, ја предложува Попова, дозволено ѝ е да се запише во училиштето за летање Херсон, од каде дипломира на осумнаесет години и станува инструктор по лет.[6]
Втора светска војна
уредиПопова волонтира за да биде воен пилот, но властите првично ја одбиваат, бидејќи не им е дозволено на жените да се борат во битка.[2] Но, во октомври 1941 година, Јосиф Сталин попушта пред притисоците на Марина Раскова и дава дозвола за создавање на три женски воздухопловни полкови.[2]
Попова, чиј брат Леонид е убиен на фронтот во 1941 година и чиј дом е преземан од страна на окупациските германски трупи,[2] Надежда е испратена од Марина Раскова на Енгелс за да им се придружи на останатите жени кои се обучуваат за да станат воени пилоти. Потоа се приклучува кон ноќен бомбашки полк и се издига на позиција на командант на 2от Женски полк (1941–45),[7] летајќи со Поликарпов По-2, авион двокрилец. Женскиот полк лета исклучиво за време на ноќта; нивните авиони, кои не се опремени со пиштоли, радија, радари или падобрани, ќе се запалат веднаш доколку се погодени дури и со минимално оружје.[2]
На 10 март 1942 година, за време на тренинг мисија, Попова води формација кога две летала се губат во густото невреме и се уриваат, убивајќи ги нивните женски посади. Ова се нејзините први жртви од нејзината единица.[6] По тренингот, Надежда е спремна и испратена е да лета во нејзиниот регион од детството т.е полињата со јаглен во Донецк. Полкот е наречен „Нахтхексен“ (Ноќни вештерки) од страна на Германците поради „звукот што го прават нивните авиони од иверица и платно, кој ги потсетува Германците на звукот што го прават метлите на вештерките при лет.“[2]
Попова е соборена неколкупати во трите години кои ги минува борејќи се во војната, но никогаш не е сериозно повредена.[2] На 2 август 1942, таа е на дневна извидничка мисија, кога е нападната од страна на Луфтвафе борци, при што мора принудно да слета близу Черкеск. Обидувајќи се да се врати кон нејзината единица, Надежда се придружува кон една колона, каде меѓу ранетите го среќава нејзиниот иден сопруг, пилотот бомбер Семјон Харламов, кој ја читал Тивкиот Дон.[6]
Подоцна лета на мисија за снабдување низ непријателски оган над Новорусијск, испуштајќи храна, вода и медицински резерви за силите заробени во Малаја Земља. Оваа мисија ќе биде за малку неуспешна. По враќањето, го наоѓа своето летало изрешетано со дупки од куршуми, точно покрај нејзината карта и шлем.[6][8]
Откако силите на Оската почнуваат да се повлекуваат, единицата на Надежда го следи фронтот низ Белорусија и Полска и на крајот влегува во Германија. Во Полска, Надежда Попова го поставува својот личен рекорд - извршува 18 мисии во една ноќ.[6] Вкупно, Попова извршува 852 мисии за време на војната.[3]
Повоен живот
уреди46-от Гардиски ноќен бомбашки полк беше распуштен во октомври 1945 година и Попова се враќа во нејзиниот град, каде е пречекана како херој, што вклучува и марширачки бенд и цвеќиња што се фрлани на нејзиниот автомобил. Одвезена е до театарот, каде 2000 луѓе го чекаат нејзиното пристигнување, меѓу кои се наоѓа и еден од маринците на кои им помага во Малаја Земља.[6]
Се мажи набрзо по војната - нејзиниот сопруг продолжува со воената служба и достигнува чин на полковник во Советските воздухопловни сили, додека нејзиниот син Александар завршува на Воздухопловната Академија. Надежда околу две декади работи како инструктор на лет.[7] Станува вдовица во 1990 година.[6]
Попова умира на 8 јули 2013 на 91 годишна возраст.[9]
Награди
уреди- Херој на Советскиот Сојуз (23 февруари 1945, медал бр. 4849).
- Орден на Ленин
- Орден на Црвеното знаме (трипати)
- Орден на Патриотската војна, прва класа (двапати)
- Орден на Патриотската војна, втора класа
- Орден на Честа
- Орден на Пријателството
- Почесен граѓанин на Донецк.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Журнал «Огонёк» № 2-3 1945 г. (страница 2) (Ogonyok Magazine No 2-3, 1945. page 2)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Martin, Douglas (14 July 2013). „Nadezhda Popova, WWII 'Night Witch', Dies at 91“. The New York Times.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Nadia Popova“. The Economist. 19 July 2013. (Obituary)
- ↑ Milanetti (2011), стр. 94.
- ↑ Milanetti (2011), стр. 79.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Milanetti (2011), стр. 95.
- ↑ 7,0 7,1 Axell (2002), стр. 60–68.
- ↑ Axell (2002), стр. 67-68.
- ↑ „Умерла летчица, Герой Советского Союза, уроженка Донбасса Надежда Попова“ [Dead pilot, Hero of the Soviet Union, a native of Donbass Nadezhda Popova]. Nbnews.com.ua. Архивирано од изворникот на 2013-08-26. Посетено на 2013-07-08.
Библиографија
уреди- Надежда Попова на Ризницата
- Axell, Albert (2002). Russia's Heroes. Little, Brown Book Group. ISBN 978-1-4721-0390-1.
- Cottam, Kazimiera J. (2006). Women in War and Resistance: Selected Biographies of Soviet Women Soldiers. Focus Publishing/R. Pullins. ISBN 978-1-58510-160-3.
- Milanetti, Gian Piero (2011). Le Streghe della Notte: La storia non detta delle eroiche ragazze-pilota dell'Unione Sovietica nella Grande Guerra Patriottica (италијански). Istituto Bibliografico Napoleone, Roma, Italia. ISBN 88-7565-100-0.
- Milanetti, Gian Piero (2013). Soviet Airwomen of the Great Patriotic War - A pictorial history. Istituto Bibliografico Napoleone, Rome, Italy. ISBN 9788875651466.
- Strebe, Amy Goodpaster (2007). Flying for Her Country: The American and Soviet Women Military Pilots of World War II. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-275-99434-1.