Стојан Тренчевски

Стојан Тренчевски (Куманово, 1955 - Скопје, 8 февруари 2015) — македонски новинар и радиоводител, основач и претседател на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. Тој е најпознат хроничар на Мајка Тереза, каде со добил и синонимот „Син на Мајка Тереза“, затоа што е еден од најзаслужните во Македонија за афирмацијата на животот и делото на светицата.

Стојан Тренчевски
Роден 1955
Куманово, НР Македонија СР Македонија
Починал 8 февруари 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање новинар, публицист и хроничар

Животопис уреди

Тренчевски е роден 1955 година, во Куманово. Целиот свој работен новинарски век од 32 години го минал во Македонското радио - Радио Скопје, но во македонската јавност останал забележан и како хроничар на животот и делото на Мајка Тереза. Забележителен момент од неговата новинарска кареиера е преносот што на Македонско радио на денот на осамостојувањето на Македонија, во 1991 година. Автор е на преку 20 книги, како „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“, „По патиштата од детсвото на Мајка Тереза“, преведени на италијански, англиски, шпански, германски, полски и на бенгалски јазик. Тренчевски бил првиот новинар, кој почнал да го истражува и следи патот и хуманоста на Мајка Тереза, и сето тоа да го презентира пред македонската јавност. Во 1975 година како студент, волонтер на Македонскиот Црвен крст учествувал на собирот на хуманисти на Меѓународен црвен крст во Женева. Тогаш за првпат слушнал, ја запознал и дознал за големата хуманистка од Индија, родена во Скопје со крстеното име Гонџа Бојаџиу. Понатаму целосно се посветил на ликот и делото на Мајка Тереза. Затоа, како нејзин следбеник го нарекувале „син на Мајка Тереза“. На негова иницијатива, се остварила неговата идеја и желба да се изгради спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје, како и желбата да се изгради храм на Тоше во родното Крушево. Бил и визитинг-предавач на Духовната академија во Италијанскиот световен и образовен центар „Асизи“.[1]

Починал во Скопје на 8 февруари 2015 година.[2]

Наводи уреди

  1. Стојан Тренчевски визитинг-предавач на Духовната академија „Асизи“ од Италија
  2. ПОЧИНА НОВИНАРОТ И ПУБЛИЦИСТОТ СТОЈАН ТРЕНЧЕВСКИ. Архивирано од изворникот на 2015-06-30. Посетено на 2016-09-05.

Надворешни врски уреди