Мериен Арн
(Пренасочено од Мeриeн Арн)
Сив Мериен Арн (родена на 25 мај 1940 година) е шведска филмска режисерка и сценаристка. Режирала десет филмови меѓу 1970 и 1997 година. Со нејзиниот филм „Близу и далеку“ од 1976 година ја добила наградата за најдобар режисер на 13. Гулдбаге награди.[1] Нејзиниот филм „Ѕидовите на слободата“ од 1978 година бил влезен на 11-от Меѓународен филмски фестивал во Москва.[2] Според историчарката за филмови Гвендолин Одри Фостер, Арн била една од првите жени што снимала документарни филмови во Шведска, а Фостер истакнува и дека филмовите на Арн не добиле многу внимание во САД.[3]
Мериен Арн | |
---|---|
Мериен Арн, околу 1967 година. | |
Роден(а) | Сив Мариен Арн 25 мај 1940 Лунд, Шведска |
Националност | Швеѓанка |
Занимање | Режисер, Сценарист |
Активен период | 1970- |
Избрани филмови
уреди- Близу и далеку (1976)
- Ѕидовите на слободата (1979)
- Девојчето кај камената клупа (1989)
Наводи
уреди- ↑ „Långt borta och nära (1976)“. The Swedish Film Database. Посетено на 7 March 2014.
- ↑ „11th Moscow International Film Festival (1979)“. MIFF. Архивирано од изворникот на 3 April 2014. Посетено на 20 January 2013.
- ↑ Gwendolyn Audrey Foster, 1995, Greenwood Press, Westport (CT) & London, Women Film Directors: An International Bio-Critical Dictionary, Retrieved 15 December 2014, see page(s): 3