М’глиж
М’глиж (бугарски: Мъглиж) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината М’глиж во Старозагорската Област. Има население од околу 3.259 жители (2022).[1]
М’глиж Мъглиж | |
---|---|
град | |
Изглед кон градот | |
Местоположба на М’глиж во Бугарија | |
Координати: 42°36′24.4″N 25°32′51.07″E / 42.606778° СГШ; 25.5475194° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Стара Загора |
Општина | М’глиж |
Управа | |
• Градоначалник | Душо Гавазов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 73,923 км2 (28,542 ми2) |
Надм. вис. | 375 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 3,259 |
• Густина | 44/км2 (110/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 6180 |
Повик. бр. | +359 04321 |
Мреж. место | maglizh.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа во Казанлашката Долина, во подножјето на Стара Планина.
Историја
уредиОд петтиот век п.н.е. до првиот век од нашата ера во градот и неговата околина процветале неколку тракиски населби - тврдини и вили. За високата тракиска култура сведочи гробницата со ѕидно сликарство кај М’глиж.
За време на римското владеење и средниот век градот бил важна тврдина и попатна станица на раскрсницата на античките автопати Сердика - Месемврија и Константинопол - Никополис ад Иструм. Во 13 век, византиските извори за првпат го спомнуваат неговото име Монглиж.
Во првите векови на турското владеење, М’глиж бил најголемата населба на Казанлашката каза. Во 1869 година, жителите на М’глиж основале првото селско читалиште во Бугарија. Во 1877 година селото имало 400 бугарски куќи. М’глижани земале активно учество во ослободителните борби.
По ослободувањето М’глиж се проширил на 1.500 куќи и 5.000 жители. Се развивало килимството, дрвосечањето и др.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.