Мухибе Дарга
Мухибе Дарга (турски: Muhibbe Darga, 13 јуни 1921 – 6 март 2018) била турски археолог, хетитолог и филолог. Се родила во 1921 година во Аџибадем, Истанбул како внука на Даругазаде Мехмет Емин Бег, прв чембрлен на султанот Абдул Хамид, поет и преведувач на романите на Жил Верн од француски на турскиот јазик.[1]
Мухибе Дарга | |
---|---|
Роден(а) | 13 јуни 1921 |
Починал(а) | 6 март 2018 Истанбул, Турција |
Националност | Турчинка |
Занимање | Археолог |
Животопис
уредиСемејство
уредиДарга е родена во Аџибадем, Истанбул во јуни 1921 година[2] и била одгледана од страна на француски гувернанти.[1] Нејзиниот татко бил лекар и поради неговите професионални обврски, таа патувала низ Анадолија во тек 1930-тите, заедно со семејството. Главните теми на ова интелектуално семејство од крајот на Отоманското Царство честопати биле римската и грчката историјата како и дебатите за уметност и литература. Згора на тоа, тие ги славеле сите верски градски празници како Божиќ, Велигден, Рамадан и често организирале гала вечери и балови.
Образование
уредиПо завршување на средното образование во Женската гимназија Еренкој, во 1939 година, Дарга се запишала на Истанбулскиот универзитетот на одделот за археологија. Таа се запознала со многу познати личности на одделот на овој факултет, основан од страна на проф. д-р Теодор Босер кои пред војната побегнале од Германија. Нејзиниот ентузијазам и екстровертност, извонредноста во францускиот и германскиот јазик и секако страст за археологијата го привлекле вниманието. Во текот на 1940-тите организирале експедиции за ископување историски локации и патувале на коњи со километри. Таа како студент била една од оние кои го откриле наоѓалиштето Каратепе заедно со професорот Теодор Босер[1]. Дипломирала на одделот за археологија во 1943 а во 1945 станала асистент на Истанбулскиот универзитет за јазиците и културата на Древна Мала Азија. Направила истражувања за хетитските хиероглифи а во 1947 била назначена за подготовка на својот докторат кај професорот Босер.
Професија
уредиПомеѓу 1950-59, предавала историја, историја на уметност и француски во неколку гимназии во Анадолија во Турција.[1] На факултетот се вработила во 1960 како асистент доктор, во 1965 станала доцент а во 1973 станала професор. Дарга на факултетот предавала Хетитологија: хетитска уметност и јазик. Од 1983-1985 таа бика декан на Одделот за стари јазици и култура на Истанбускиот универзитет.[3]
Дарга учествувала во проекти за ископувањето локации во: Каратепе, Гедикли и Дегирментепе. Во 1978-1979 почнала да претседава со историската локација Шемсијетепе во југоисточниот дел на Турција, која сега е под вода поради изградба на регионалната брана. По една деценија напори за ископување во Шемсијатепе, во непосредна близина на реката Еуфрат, започнала со ископување на Дорилајон, фригиско-хетитска населба која се наоѓа во Ескишехир, Централна Анадолија. Таа одржала многу предавања во Турција и во странство. Како претседател на Дорилајонските истражувања, станала и почесен член на Турскиот институт за археологија а воедно и член на Германскиот археолошки институт.
Таа починала во март 2018 на возраст од 96 години, во Истанбул.[4]
Дела
уредиИзвор
уреди- Дамата на археологијата, Мухибе Дарга, биографија со Емине Џајкара врз основа на интервјуа. 2002, 2007.
- Подарокот на Мухибе Дарга (Muhibbe Darga armağanı)[7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Muhibbe Darga“. www.biyografya.com (англиски). Посетено на 2018-03-25.
- ↑ „Türkiye'nin ilk kadın arkeologlarından Muhibbe Darga hayatını kaybetti“. odatv.com (турски). Архивирано од изворникот на 2018-03-08. Посетено на 2018-03-25.
- ↑ „who's who : muhibbe darga“. www.turkishculture.org. Посетено на 2018-03-25.
- ↑ Muhibbe Darga, one of Turkey’s first woman archeologists, laid to rest
- ↑ Muhibbe., Darga, A. (1992). Hitit sanatı. İstanbul: Akbank. ISBN 9757630241. OCLC 27882509.
- ↑ Darga, A. Muhibbe (1984). Eski Anadoluda kadın. Istanbul: İstanbul Üniversitesi, Edebiyat Fakültesi.
- ↑ Muhibbe., Darga, A.; Erkan., Konyar; Taner., Tarhan; Aksel., Tibet; Müzesi., Sadberk Hanım (2008). Muhibbe Darga armağanı. İstanbul: Sadberk Hanım Müzesi. ISBN 9756959231. OCLC 238890835.