Мукденски инцидент

Мукденски инцидент или Манџуриски инцидент ― настан исцениран од јапонски воен персонал кој послужил како изговор за јапонската инвазија на Манџурија во 1931 година.[1] [2] [3]

На 18 септември 1931 година, поручник Суемори Кавамото од независната гарнизонска единица од 29-от јапонски пешадиски полк (独立守備隊) детонирал мало количество динамит [4] на железничка линија во близина на Мукден (денешен Шенјанг).[5] Јапонската царска армија за инцидентот ги обвинила кинеските дисиденти и одговорила со целосна инвазија и окупација на Манџурија, каде што шест месеци подоцна Јапонија ја основала својата марионетска држава, Манџукуо.

Причини

уреди

По поразот во Руско-јапонската војна (1904–1905) Руската империја на Јапонија ѝ ги префрлила своите права за закуп на поголемиот дел од Јужноманџурската железничка зона. Делови од Јапонската царска армија (Квантуншката армија) ја обезбедувале железницата на територијата на Полуостровот Љадунг до границата со Кина јужно од Мукден, каде што на тврдината Бејдаинг имало кинески гарнизон од 7.000 војници под команда на Жанг Ксуелианг. Командата на Квантуншката армија на полуостровот покажувала прекумерна независност, што донекаде го загрижувало Токио, но сепак, во 1930 година, бил подготвен план за заземање на Манџурија.

Настани

уреди

Армискиот полковник од Квантуншката армија Сеиширо Итагаки и потполковникот Канџи Ишивара, верувале дека конфликт во Манџурија ќе биде од најдобар интерес за Јапонија, и независно еден од друг смислиле план да ги предизвикаат кинеските сили стационирани во близина да направат инцидент и со тоа да ја поттикнат Јапонија да ја нападне Манџурија. Меѓутоа, откако јапонскиот министер за војна Јиро Минами го испратил генерал-мајорот Јошицугу Татекава во Манџурија со за да ја спречи непослушноста и милитаристичкото однесување на Квантуншката армија, Итагаки и Ишивара не можеле повеќе да ги чекаат Кинезите да одговарат на провокациите, и морале да исценираат свои.[6]

Инцидент

уреди
 
Јапонски експерти ја проверуваат „саботажата“ на јужноманџуриската железница.

Полковник Сеиширо Итагаки, потполковник Канџи Ишивара, полковник Кенџи Доихара и мајор Такајоши Танака на 31 мај 1931 година го завршиле планирањето на инцидентот. [7]

Планот бил извршен кога првиот поручник Суемори Комото од Независната гарнизонска единица (獨立守備隊) од 29-от пешадиски полк, која ја обезбедувал Јужноманџуриската железница, поставил експлозив крај пругата, но доволно далеку за да не направи вистинска штета. На 18 септември околу 22:20 часот бил активиран експлозивот. Меѓутоа, експлозијата била мала и оштетен бил само дел (1,5 метри) од едната страна на шината. Всушност, воз од Чангчун без потешкотии поминал врз оштетената пруга и пристигнал во Шенјанг во 22:30 часот. [8]

Инвазија на Манџурија

уреди

Утрото на 19 септември, како одговор на наводниот кинески напад на железницата, бил отворен артилериски оган врз кинескиот гарнизон во близина на Мукден. Малите воздухопловни сили на Чанг Ксуелианг биле уништени, а неговите војници побегнаа од нивните уништени касарни во Бејдејинг. Борбите завршиле вечерта, а Јапонците го окупирале Мукден. Во борбите загинале 500 Кинези и само два Јапонци.[9]

Во Далиан во изнајмената територија Квантунг, врховниот командант на Квантуншката армија, генерал Шигеру Хоњо, прво бил згрозен што планот за инвазија бил донесен без негова дозвола,[10] но на крајот Ишивара го убедил да им даде одобрение да дејствуваат. Хонџо штабот на Квантуншката армија го преселил во Мукден и му наредил на генералот Сенјуро Хајаши од јапонската армија во Кореја да им испрати засилување.

Чанг Ксуелианг лично на своите луѓе им наредил да не се борат против Јапонците. Затоа, јапонските војници без поголеми потешкотии ги окупирале и големите градови Чангчун и Антунг. Пет месеци по Мукденскиот инцидент, Манџурија била целосно во рацете на Јапонците.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The Cambridge History of Japan: The Twentieth Century, p. 294, Peter Duus,John Whitney Hall, Cambridge University Press: 1989 ISBN 978-0-521-22357-7
  2. An instinct for War: Scenes from the battlefields of history, p. 315, Roger J. Spiller, ISBN 978-0-674-01941-6; Harvard University Press
  3. Concise dictionary of modern Japanese history, p. 120, Janet Hunter, University of California Press: 1984, ISBN 978-0-520-04557-6
  4. The Cambridge History of Japan: The Twentieth Century, p. 294, Peter Duus, John Whitney Hall, Cambridge University Press: 1989. ISBN 978-0-521-22357-7
  5. Fenby, Jonathan. Chiang Kai-shek: China's Generalissimo and the Nation He Lost. Carroll & Graf: 2003, p. 202
  6. 6,0 6,1 Ferrell, Robert H. (March 1955). „The Mukden Incident: September 18–19, 1931“. Journal of Modern History. University of Chicago Press. 27 (1): 66–72. doi:10.1086/237763. JSTOR 1877701.
  7. Behr, Edward (1987), The Last Emperor, New York: Bantam Books, стр. 180, ISBN 978-0-553-34474-5
  8. CHRONOLOGY OF MAJOR INTERNATIONAL EVENTS FROM 1931 THROUGH 1943, WITH OSTENSIBLE REASONS ADVANCED FOR THE OCCURRENCE THEREOF 78th Congress, 2d Session. "An explosion undoubtedly occurred on or near the railroad between 10 and 10:30 p.m. on September 18th, but the damage, if any, to the railroad did not in fact prevent the punctual arrival of the south-bound train from Changchun, and was not in itself sufficient to justify military action. The military operations of the Japanese troops during this night, ... cannot be regarded as measures of legitimate self-defense..." [Opinion of Commission of Inquiry], ibid., p. 71
  9. Behr 1987
  10. Chen, World War II Database

Надворешни врски

уреди