Мраморна патка
Мраморна патка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Aythyinae |
Род: | Marmaronetta L. Reichenbach, 1853 |
Вид: | Мраморна патка |
Научен назив | |
Marmaronetta angustirostris (Menetries, 1832) |
Мраморната патка (Marmaronetta angustirostris), е средна по големина и спаѓа во видот на нуркачки патки. Овие патки живеат во голем број на Средоземјето, но сега најчесто ги има во јужна Шпанија, северозападна Африка и во Израел. На исток живееат во мочуриштата на Месопотамија на југ во Ирак и во Иран ова се најважните живеалишта за овој вид патки, но, исто така, ги има на изолирани места во Турција, Ерменија, Азербејџан, Ирак и далеку на истокот во западна Индија и западна Кина[1]. Ги има и во Македонија.
Опис
уредиМраморната патка е долга од 39 до 42 сантиметри. Возрасните се бледо песочно-кафена боја со сиви дамки, темни очни капаци и влакнеста глава. Малечките се слични со појаки сиви дамки. Во лет крилјата се светли, без карактеристичите дамки.[2]
Поведение
уредиМраморните патки се друштвени птици дури и во време на гнездење. Вон сезоната на парење јатата се мали, но се забележани и големи јата кои се подготвуваат за преселба.[2] Во 2011 ирачките орнитолози забележале јато од дури 40 000 птици.[3]
Живеалиште и исхрана
уредиМраморната патка живее во пар или во мали јата во мочурливи предели, езера и бавни реки со густа вегетација. Се исхрануваат нуркајќи, но многу малку се знае за нивната исхрана.[2]
Размножување
уредиОвие патки се гнездат на земја каде што ги несат јајцата во високи треви и големи дрвја. Можат да снесат од 7 до 10 јајца.
Статус
уредиМраморните патки станаа ранлива категорија поради намалување на нивниот број заради ловот. На нив се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Marmaronetta angustirostris“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 14 November 2008. Database entry includes a range map and justification for why this species is vulnerable.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 David William Snow, Christopher Perrins (Eds) (1997). The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. ISBN 0-19-854099-X.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Walker, Matt (18 January 2011). „Restoring Eden“. BBC News.
Надворешни врски
уреди- BirdLife Species Factsheet. Архивирано на 2 јануари 2009 г.
- ARKive - images and movies of the marbled duck (Marmaronetta angustirostris) Архивирано на 17 мај 2008 г.
- Marmaronetta angustirostris на Викивидовите ?
- Податотеки поврзани со Marmaronetta angustirostris на Ризницата
- Marmaronetta angustirostris на Flickr: Field Guide Birds of the World
- Marmaronetta angustirostris на Avibase