Мост Акинада
Мостот Акинада (јапонски:安芸灘大橋, Акинада о-хаши) ― висечки мост во Куре, Хирошима, Јапонија, кој го преминува Сетското Внатрешно Море. Завршен во 1999 година, има главен распон од 750 м.[1] Изграден е од компанијата „Penta-Ocean“, по цена од 50 милијарди јени.[2]
Мост Акинада 安芸灘大橋 | |
---|---|
Координати | 34°12′22″N 132°40′46″E / 34.20611° СГШ; 132.67944° ИГД |
Носи | моторни возила, пешаци и велосипеди |
Преминува | Сетско Внатрешно Море |
Место | Куре, Хирошима, Јапонија |
Одржувач | Hiroshima Prefecture Road Corporation |
Особености | |
Вид | Висечки мост |
Вкуп. должина | 1,175 м |
Ширина | 12,7 м |
Висина | 119.45 м |
Најдолг распон | 750 м |
Потпростор | 40 м во средината |
Историја | |
Завршен | 1999 |
Отворен | 18 јануари 2000 |
Местоположба | |
Преглед
уредиМостот бил отворен за сообраќај на 18 јануари 2000 година. Мостот е дел од патот 74 на префектурата Хирошима, пат кој започнува во Хоншу и преминува преку Сетското Внатрешно Море преку мостот Акинада до островот Шимо-камагари на југ. Мостот е управуван од страна на патната корпорација Префектура Хирошима. Тој е најдолгиот мост во Јапонија што е одржуван од една префектура.[3]
Наводи
уреди- ↑ „橋梁年鑑 安芸灘大橋 詳細データ“ [Bridge data Akinada Bridge] (јапонски). Посетено на 23 февруари 2021.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-04-12. Посетено на 2021-02-23.
- ↑ „安芸灘大橋(あきなだおおはし)“ [Akinada Bridge] (јапонски). 2018. Посетено на 23 февруари 2021.
Надворешни врски
уреди- Слика на мост кај Penta-Ocean Construction Co.
- Akinada Bridge — Structurae (англиски)