Мостот (филм од 1969)
„Мостот“ (српскохрватски: Мост) — филм на режисерот Хајрудин Крвавац од 1969 година. Главните улоги ги играат: Велимир Бата Живоиновиќ, Слободан Перовиќ, Борис Дворник, Реља Башиќ.[1]
„Мостот“ | |
---|---|
Плакатот на филмот на српскохрватски | |
Режисер | Хајрудин Крвавац |
Продуцент | Исо Таубер |
Сценарист | Ѓорѓе Лебовиќ Предраг Голубовиќ |
Главни улоги | Бата Живоиновиќ Слободан Перовиќ Борис Дворник Игор Гало Реља Башиќ |
Музика | Бојан Адамиќ |
Кинематографија | Огњен Милиќевиќ |
Монтажа | Бланка Јевиќ |
Студио | Босна филм |
Премиера | 14 јули 1969 г. |
Времетраење | 65 минути |
Земја | Југославија |
Јазик | српскохрватски |
Содржина
уредиЗа да ја запрат германската офанзива, партизаните испраќаат елитна екипа од стручњаци за експлозиви, предводени од Тигар (го игра Живоиновиќ) со цел да го урнат еден мост од стратегиска важност. Освен што го чува германската војска, мостот се смета за неуништлив, а единствениот човек кој ги знае неговите слаби точки е архитектот (го игра Перовиќ) што го изградил. Меѓутоа, тој се двоуми дали да соработува со партизаните зашто му е жал да го види уништено своето ремек дело...