Мосад (хебрејски: המוסד; арапски: الموساد; преведено како Институтот), официјално Институт за разузнавање и специјални операции — израелска разузнавачка агенција. Одговорна е за прибирање на разузнавачки информации, организирање на тајни операции, контраразузнавање, спречување на паравоени активности и атентати, како и борба против тероризмот.

Институт за разузнавање и специјални операции
מדינת ישראל
המוסד למודיעין ולתפקידים מיוחדים


الموساد للاستخبارات والمهام الخاصة
Mossad seal.svg
„Таму каде што нема совет, луѓе паѓаат, но во големиот број на советници е безбедноста“
(Изреки 11:14)
Податоци за органот
Основан 13 декември 1949
(Централен институт за координација)
Седиште Тел Авив, Израел
Раководител Јоси Кохен
(Директор)
Матичен орган Канцеларијата на премиерот

Мосад е една од најдобро познатите и високо вреднувани агенции за разузнавање во светот. Позната е по својата ефикасност и се смета дека во голема мера придонесува за стабилноста и безбедноста на Израел. Седиштето на агенцијата се наоѓа во Тел Авив.

ИсторијаУреди

Мосад официјално е формирана на 13 декември 1949 година под името Централен институт за координација, по препорака на премиерот Давид Бен-Гурион до Реувен Шилоах, негов познаник. Бен-Гурион сакал да создаде централно тело кое ќе ја координира и ќе ја напредне соработката меѓу постоечките тајни служби како Директоратот за воено разузнавање, т.н. Аман, Израелската безбедносна агенција, позната и по кратенките Шабак и Шин Бет, и странските служби. Сепак, Мосад не бил активиран сè до 1 април 1951 година поради административни причини. Претходно, во март 1951 година службата била реорганизирана и надградена како дел од кабинетот на премиерот, потчинета директно на него. Нејзин прв директор, уште од 1949 година бил Шилоах, кој бил наследен од Исер Харел во 1953 година.

Надворешни врскиУреди