Морска патка
Морска патка | |
---|---|
Возрасен мажјак | |
Возрасна женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Aythyinae |
Род: | Aythya |
Вид: | Морска патка |
Научен назив | |
Aythya marila (Linnaeus, 1761) | |
Подвид | |
A. m. marila (Linnaeus, 1761) | |
Распространетост |
Морските патки (Aythya marila) се средно големи нуркачи, иако се малце поголеми од другите видови патки. Овие се околуполарни видови, што значи дека се распространети на едниот од половите на Земјата. Летото го поминуваат во Алјаска каде што се вгнездуваат, исто така и во северна Канада, Сибир и најсеверните делови на Европа. За време на зимата тие се селат во јужните делови на Северна Америка, Европа и Јапонија. Ја има и во Македонија.
Распространетост
уредиМорската патка има околуполарна дистрибуција, парењето и вгездувањето е во опсег на Арктичкиот круг, и во стариот и во Новиот Свет. Во Европа, морската патка се пари и вгездува во Исланд, најсеверниот дел на крајбрежјето на Скандинавскиот Полуостров, вклучувајќи ги и делови од северниот дел на Балтичкото Море и високите планини на Скандинавија и деловите на Арктичкото Море во Русија.[2][3]
Опис
уредиМорската патка има изразен полов диморфизам. Мажјакот е поголем и има покружна глава од женката, тие имаат светлосин клун и жолти очи. Имаат црни глави со светликава зелена нијанса, бели пердуви на крилјата со црни завршетоци, а грбот име во црно-бели тенки линии. Женките се повеќе кафени, со посветли и потемни нијанси сместени на некои делови од нивните крилја. Тие исто имаат светлосин клун, но малце поискривен од мажјакот. Возрасната морска патка е долга 39–56 см со распон на крилјата 71–84 см и телесна тежина од 726 до 1360 грама.
Размножување
уредиМорската патка се вгнездува близу вода, типично на острови близу до северните езера. Тие почнуваат да правото семејство втората година од нивниот живот, но понекогаш дури уште во првата година. Огласувањето за време на додворувањето, кое започнува при крајот на зимата, е меко брзо свиркање. Додворувањето претставува сложена процедура која завршува со создавање моногомани парови. Се гнездат близу едни до други во големи колонии. Гнездото претставува длабнатина која ја прави женката, и каде снесува шест до девет маслинестокафени јајца. По снесувањето на јајцата, мажјакот ја напушта женката и оди во засолнети езерца кои може да се блиску или многу оддалечени од гнездото. Малечките се испилуваат некаде 24-от или 28-от ден. Малите патчиња веднаш по испилувањето можат да ја следат мајката за да бараат храна.
Исхрана
уредиМорската патка бара храна на површината на водата. Се храни со мекотели, морски растенија и инсекти. Забележано е дека оваа патка голтнала голема жаба (со должина од 5 см), но ја однела на копно за да ја изеде.[4] Може да нурнат до 6 м во длабочина и да се задржат под вода и до 1 минута. Вон езерата, морската патка се храни со семиња и растенија, лисја, мали коренчиња.[5] Owing to the Greater Scaup's webbed feet and weight, it can dive up to 6 метарs (20 ст) and stay submerged for up to a minute, allowing it to reach food sources that are unobtainable to other diving ducks.[6]
Морската патка формира големи јата, кои можат да содржат до илјада птици. Нивните најголеми грабливци се луѓето. Бројот им се намалува од 1890 година, но сепак се вид кој е најмалку загрозен.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 BirdLife International (2012). „Aythya marila“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Ullman, Magnus (1992). Fåglar i Europa. Wahlström & Widstrand. стр. 102. ISBN 91-46-17633-0.
- ↑ Delin, Håkan (2001). Färgfotoguiden över alla Europas fåglar. Bonniers. стр. 50. ISBN 91-34-51940-8.
- ↑ Mayntz, Melissa. „Greater Scaup“. About.com. Архивирано од изворникот на 2010-03-10. Посетено на 20 August 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Greater Scaup“. Ducks Unlimited. Посетено на 1 November 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Greater Scaup“. Audubon. National Audubon Society. Архивирано од изворникот на 2010-11-11. Посетено на 26 October 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Дополнителна литература
уреди- Splitting headaches? Recent taxonomic changes affecting the British and Western Palaearctic lists – Martin Collinson, British Birds vol 99 (June 2006), 306–323
- Madge, Steve (1988). Wildfowl: An Identification Guide to the Ducks, Geese and Swans of the World. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-2201-1. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help)