Мордехај Вануну (хебрејски: מרדכי ואנונו; роден на 14 октомври 1954) — поранешен израелски јадрен техничар кој, повикувајќи се на неговото спротивставување на оружје за масовно уништување, открил детали за јадрената програма на Израел пред британскиот печат во 1986 година[2][3]. Тој подоцна бил вовлечен во Италија од страна на агент на Мосад, каде што бил дрогиран и киднапиран од страна на израелските разузнавачки агенти. Тој бил пренесен во Израел и на крајот осуден во судскиот процес кој се одржал зад затворени врати[2].

Мордехај Вануну
Мордехај Вануну во 2009
Мордехај Вануну во 2009
Роден(а)Мордехај Вануну
14 октомври 1954(1954-10-14)(70 г.)
Маракеш, Мароко
НационалностИзраелец
Други имињаЏон Кросман
НародностСефарди
Познат(а) појадрен техничар
Верахристијанство
ВероисповедАнгликанска црква на Австралија[1]

Вануну поминал 18 години во затвор, вклучувајќи и повеќе од 11 години во самица. Бил ослободен во 2004 година под услов да не го напушта Израел, да не се доближува до странските амбасади ниту пак да контактира со странски новинари. Од тогаш тој бил уапсен на неколкупати за прекршување на овие ограничувања, поради давање интервјуа за странски новинари. Тој изјавил дека претрпел "суров и варварски третман" во рацете на израелските власти додека бил затворен и сугерирал дека неговиот третман би бил поинаков доколку тој бил Евреин (Вануну е христијанин кој го примил христијанството од јудаизмот)[4].

Во 2007 година, Вануну бил осуден на шест месеци затвор поради кршење на условите при неговото условно ослободување. Во одговор на ова, Amnesty International издал соопштение за медиумите на 2 јули 2007 година, во кое навело дека "Организацијата смета дека Мордехај Вануну е затвореник на совеста и повикала за негова итно и безусловно ослободување"[5]. Во мај 2010 година, Вануну бил уапсен и осуден до три месеци во затвор под сомнение дека тој се состанал со странски државјани.

Од страна на Израел Вануну се третира како предавник[6][7][8][9].

Наводи

уреди
  1. Sarah J. Diehl and James Clay Moltz (2008). Nuclear Weapons and Nonproliferation: A Reference Handbook (ABC-CLIO, ISBN 978-1-59884-071-1) p. 208.
  2. 2,0 2,1 Myre, Greg (21 April 2004). „Israeli Who Revealed Nuclear Secrets Is Freed“. The New York Times. Посетено на 13 May 2010.
  3. „Suffered in Israeli jail, says Christian convert“. Christian Century. 2004-05-18. Архивирано од изворникот 2005-04-25. Посетено на 12 February 2009.
  4. „Israeli nuclear spy released“. CNN. 2004-04-21. Посетено на 12 February 2009.
  5. „Israel: Israel: Mordechai Vanunu sentence clear violation of human rights“. Amnesty International. 2 July 2007. Архивирано од изворникот 2007-07-10. Посетено на 2012-11-12.
  6. „The meaning of Vanunu“. Jewish World Review. 26 April 2004. Архивирано од изворникот на 2021-02-24. Посетено на 2012-11-12.
  7. „Vanunu: traitor or prisoner of conscience?“. The Sydney Morning Herald. 22 April 2004.
  8. „Vanunu: Hero or traitor?“. j. 23 April 2004.
  9. „Vanunu 'wanted to avert holocaust'. BBC. 29 May 2004.