Монголски гербил
Монголскиот гербил (Meriones unguiculatus) ― мал глодач кој припаѓа на потсемејството гербили. Големината на телото е типично 110-135 мм, со опашка 95-120 мм и телесна тежина 60-130 г, чии возрасни мажјаци се поголеми од женките.[3] Животното се користи во науката и се чува како милениче со мало живеалиште. Нивната употреба во науката датира од втората половина на 19 век, но тие започнале да се чуваат како домашни миленици во англогласниот свет по 1954 година, кога биле донесени во Соединетите Држави. Сепак, нивната употреба во научните истражувања не била прекината.
Монголски гербил | |
---|---|
Див гербил во Монголија | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Meriones |
Вид: | Монголски гербил |
Научен назив | |
Meriones unguiculatus (Милн Едвардс, 1867)[2] |
Живеалиште
уредиМонголските гербили живеат во пасиштата, грмушките и пустините, вклучително и полупустините и степите во Кина, Монголија и Русија.[4]
Почвата на степите е песочна и е покриена со треви, билки и грмушки. Степите имаат ладни, суви зими и топли лета. Температурата може да достигне до 50 °C (122 °F), но просечната температура за поголемиот дел од годината е околу 20 целзиусови степени.
Во дивината, овие гербили живеат во патријархални групи кои обично се состојат од еден родителски пар, најновиот легло и неколку постари кутриња, понекогаш со нив живеат и сестра (и) на доминантна жена. Само доминантните жени ќе произведат кученца, тие ќе се парат само со доминантно машко додека се во еструс (сексуални задразени), женските гербили се главно поверни од машките. Една група гербили главнно се движи над 325-1,550 квадратни км.
Група живее во средишна дупка со 10-20 излези. Можеби постојат некои подлабоки дупки со само еден до три излези на нивната територија. Овие подлабоки дупки се користат за бегство од грабливци кога се премногу далеку од средишната дупка. Дупката на групата често се меѓуповрзува со други групи.
Историја
уредиПрвото познато споменување на гербилите се случило во 1866 година, од страна на отец Арман Давид, кој испратил „жолти стаорци“ до Францускиот национален природонаучен музеј во Париз, од северна Кина. Тие биле именувани за Gerbillus unguiculatus од страна на научникот Алфонс Милн-Едвардс во 1867 година.[2]
Постои позната заблуда за значењето на ова научно име, која се појавува и во печатени дела[5] и на мрежните страници,[6] поради родот Meriones кои го споделуваат името со грчкиот воин Мерион во „Илијада“ на Хомер; сепак, преводите како „канџест воин“ не се точни. Родот бил именуван од Јохан Карл Вилхелм Илигер во 1811 година,[7] што произлегува од грчкиот збор мирос (μηρος: бедрена коска). Во комбинација со „unguiculate“, што значи да се има канџи или нокти на латински јазик, името може лабаво да се преведе како „канџест/ноктест бедреник“.[8]
Гербилите станале познати миленичиња во англогласниот свет по 1954 година, кога 20 мажјаци и 26 женки биле донесени во САД од источна Монголија на научно тестирање. Скоро сите миленичиња гербили денес потекнуваат од нив. Гербилите биле доведени во Обединетото Кралство во 1964 година од САД.
Во науката
уредиГербилите имаат долга историја на употреба во научните истражувања, иако во денешно време тие ретко се користат. На пример, во Обединетото Кралство во 2017 година, само околу 300 монголски гербили биле користени во опитни постапки, во споредба со над 2 милиони глувци.[9]
Слух
уредиГербилите имаат широк опсег на слух, од откривање на со нискочестотнo одзивање на стапало до високо френквентни извици и затоа може да бидат посоодветен модел на губење на слухот кај луѓето отколку глувците и стаорците, кои се специјалисти за висока честота.[10]
Глас
уредиМашките гербили можат да создадат ултразвучни звуци со честоти кои се движат од приближно 27 до 35 kHz и амплитуди кои се движат од приближно 0 до 70 dB Нивниот грклан е вклучен во правењето на овие ултразвучни звуци. Експериментацијата открила пет откритија од интерес, а тоа е дека возрасните емитуваат ултразвучни звуци само кога се општествено стимулирани, мажите сигнализираат почесто од женките, доминантните мажи се поактивни во вокализациите од подредените мажи, ултразвуците се активираат од специфични мириси и д-амфетамин, а стимуланс на централниот нервен систем, придонесува за високо ниво на ултразвук и хлорпромазин, антипсихотичен лек, ја намалува стапката на емисија. Покрај тоа, постоеше врска помеѓу ултразвучните звуци и нивната способност да се репродуцираат.[11]
Однесување
уредиГербилите се општествени животни и живеат во групи во дивината.[12] Тие се потпираат на нивното чувство за мирис за да ги идентификуваат другите членови на нивниот клан, па затоа е важно да се користи она што вообичаено се нарекува „метод на разделен резервоар“ (или раздвојување) кога се воведуваат гербили од одделни легло.[13] Познато е дека гербилите напаѓаат и често ги убиваат оние кои носат непознат мирис.[14]
Галерија
уреди-
Гербили во Зоо Скопје
-
Гербил во Зоо Скопје
Наводи
уреди- ↑ Batsaikhan, N. & Tsytsulina, K. (2016). Meriones unguiculatus (поправена верзија објавена во 2017 година). The IUCN Red List of Threatened Species 2016. doi:10.2305/IUCN.UK.2016-3.RLTS.T13171A22432999.en
- ↑ 2,0 2,1 Milne-Edwards, Alphonse (1867). „Observations sur quelques mammifères du nord de la Chine“. Annales des sciences naturelles. Zoologie et biologie animale. 7 (5): 377.
- ↑ Waiblinger, Eva (2010). „The Laboratory Gerbil“. The UFAW Handbook on the Care and Management of Laboratory and Other Research Animals. стр. 327–347. doi:10.1002/9781444318777.ch23. ISBN 978-1-4443-1877-7.
- ↑ „The IUCN Red List of Threatened Species“. IUCN Red List of Threatened Species. Посетено на 6 април 2021.
- ↑ Engfer, Leeanne (1997). My Pet Hamster and Gerbils. Lerner Publications. стр. 52–. ISBN 978-0-8225-2261-4.
- ↑ In from the cold. The Guardian. 21 јуни 2003.
- ↑ Biodiversity Heritage Library Prodromus systematis mammalium et avium additis terminis zoographicis utriusque classis, eorumque versione germanica, Illiger 1811 (PDF)
- ↑ The true meaning of Meriones unguiculatus: The Mongolian Gerbil Архивирано на 2 декември 2020 г.. egerbil.com
- ↑ „Statistics of scientific procedures on living animals, Great Britain 2017“. GOV.UK. Посетено на 6 април 2021.
- ↑ Abbas, Leila; Rivolta, Marcelo N. (July 2015). „Aminoglycoside ototoxicity and hair cell ablation in the adult gerbil: A simple model to study hair cell loss and regeneration“. Hearing Research. 325: 12–26. doi:10.1016/j.heares.2015.03.002. PMC 4441107. PMID 25783988.
- ↑ Thiessen, Del; Kittrell, E (1979). „Mechanical Features of Ultrasound Emission in the Monogolian Gerbil, Meriones unguiculatus“. American Zoologist. 19 (2): 509–512. doi:10.1093/icb/19.2.509.
- ↑ „PetCoach - Ask a Vet Online for Free, 24/7“. Посетено на 6 април 2021.
- ↑ „Mongolian Gerbils - Split-caging“. Crittery Exotics (англиски). Посетено на 6 април 2021.
- ↑ Elizabeth Arblaster. „Gerbil split-tanks by Elizabeth Arblaster“. eGerbil. Архивирано од изворникот на 15 септември 2014. Посетено на 6 април 2021.
Надворешни врски
уреди- Националното гербилско друштво (Обединето Кралство)
- Гербилско друштво на САД
- The Gerbils.com - Сè за гербилот
- The Underwhite/Underwhite Dense gene Архивирано на 12 март 2016 г.
- eGerbil - за сè гербил!