„Монашки нож“расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина

уреди

Во расказот е опишан животот на Степанида Ѓурашевиќ, родум од Бела Црква. На својот прв училиштен ден, таа здогледала една куќа која претходно ја видела на сон, а подоцна, минувајќи крај куќата, таа здогледала едно момче. Кога започнала војната, Степанида ги убедила мајка си и баба си да избегаат од родното место при што упорно го барала момчето во колоната бегалци, но не го видела. Подоцна, додека учела во гимназијата, таа дознала дека момчето се вика Никола и дека студира во Белград, па ја убедила мајка си да се преселат таму. Во Белград, таа се запишала на факултет, се омажила, се развела и се вработила, но никогаш не го завршила факултетот за да може да го гледа Никола, кој во меѓувреме станал асистент, а потоа и професор, на нејзиниот факултет. Многу години подоцна, Степанида живеела сама во белградската населба Вождовац и веќе била стара, голема и необична, а често посетувала еден гроб без никакви ознаки. Од своите роднини, раскажувачот дознал дека Степанида во својот стан имала монашки нож со повеќе сечива кои се вовлекувале едно во друго. Кога умрела, додека ја соблекувале, сосетките утврдиле дека целиот живот носела разна облека во повеќе слоја, облечена една на друга, почнувајќи од сегашната до нејзината детска облека, односно дека и нејзиниот живот наликувал на монашки нож.[1]

Наводи

уреди
  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 92-98.