Моминска гулапка
Моминска гулапка (латински: Russula puellaris ) - е јадлива габа вклучена во родот Гулапка.
Опис
уредиШапката достигнува пречник од 5-11 см, тенко месеста, речиси раширена од самата младост, набргу вдлабната, мошне нежна и кршлива, кожичката пополека се лупи, влажна, малку вискозна, сјајна, работ на шапката е мошне ребрест, може да биде виолетова со нијанса на месо боја, окер или кафеаво пурпурна, на средина секогаш е потемно обоена, пожолтува и нараснува широка од 3- 6 см.
Ливчињата се прилично густи, прираснати или до дршката малку заокружени, мошне нежни и кршливи, широки4-6 мм, некои чаталести, крем или жолтеникави и темно дамчести, пожолтуваат и при најмал допир.
Дршката, валчеста, кон основата нешто подебела, набргу шуплива, нежна, отпрвин бела, потоа жолтеникаво окер и потемно дамчеста, површината е набрчкана и на допир или кога е оштетено таа пожолтува нараснува до 3-6 см висока и 0,8 до 1,2 см дебела.
Месото е многу тенко нежно и кршливо, бело, силно пожолтува во воздухот, без посебен мирис, сладко по вкус.
Споровиот прашец има боја на песок. Спорите 6,5-9 x 5,5-7 микрометар, јајцевидни или широко елиптични, брадавичести, со слабо развиен ретикулум. Пилеоцистидиите се претежно во форма на клубени.
Јадлива.
-
Моминска гулапка
Слични видови
уреди- Russula elegans Bres., 1882 расте под топола, малку пожолтува.
- Russula nitida (Pers.) Fr., 1838 расте под бреза, речиси не пожолтува кога е оштетена, добро дефинирана со изразено радијално избразден раб.
- Russula odorata Romagn., 1950 расте во дабовите шуми на Медитеранот, повеќе месести, со силен овошен мирис.
- Russula puellula Ebbesen, F.H.Møller & Jul.Schäff., 1937 расте под бука, не пожолтува.
- Russula versicolor Jul.Schäff., 1931 — најблискиот вид, исто така пожолтува кога е оштетен, расте под бреза и евла.
Екологија
уредиВидот е широко распространет низ Евроазија, формира микориза и со четинари и листопадни дрвја, е вообичаен и најчесто се среќава под смрека, исто така под бор, ела, бука и даб.
Таксономија
уредиСиноними
уреди- Russula abietina Peck, 1902
- Russula caucasica (Singer) Singer, 1951
- Russula minutalis Britzelm., 1885
Литература
уреди- Romagnesi, H. Les Russules d'Europe et d'Afrique du Nord. — Paris: Bordas, 1967. — P. 591. — 998 p. — ISBN 0-934454-87-6.
- Сержанина Г. И. Шляпочные грибы Белоруссии. — Минск: Наука и техника, 1984.