Мозамбички Проток

проток во Индискиот Океан, југоисточна Африка
(Пренасочено од Мозамбички Канал)

Мозамбички Проток или Мозамбички Канал (португалски: Canal de Moçambique, малгашки: Lakandranon'i Mozambika, француски: Canal du Mozambique) — дел од Индискиот Океан што се наоѓа помеѓу Мадагаскар и југоисточна Африка, претежно Мозамбик. Тука, во II светска војна се одиграла Мадагаскарската битка (1942) помеѓу Вишиевска Франција и Сојузните сили.

Местоположба на Мозамбичкиот Проток

Протокот има должина од 1.600 км, а ширината се движи од 400 до 950 км. Најтесниот дел е помеѓу Ангош (Мозамбик) и Тембохорано (Мадагаскар). Достигнува длабочина од 3.292 м во подрачјето оддалечено 230 км од мозамбичкото крајбрежје. Во него тече топла јужна струја, која потоа продолжува во Агулјската струја во водите источно од ЈАР.

Граници

уреди

Според Меѓународната хидрографска организација (IHO), Мозамбичкиот Проток ги има следниве граници:[1]

На север. Линија од устието на реката Рувума (10°28′S 40°26′E / 10.467° ЈГШ; 40.433° ИГД / -10.467; 40.433) до Рас Хабу, северниот врв на островот Голем Комор, кој е северниот од Коморските Острови, до ’ртот Амбр, северниот крај на Мадагаскар (11°57′S 49°17′E / 11.950° ЈГШ; 49.283° ИГД / -11.950; 49.283).

На исток. Западниот брег на Мадагаскар.

На југ. Линија од ’ртот Сант Мари, јужниот крај на Мадагаскар до Златниот ’Рт (Оро) на континенталниот дел (26°53′S 32°56′E / 26.883° ЈГШ; 32.933° ИГД / -26.883; 32.933).

На запад. Копното на ЈАР.[2]

Острови во протокот

уреди

Комори

уреди

Мозамбик

уреди

Примерас и Сегундас (архипелаг)

Франција

уреди

Наводи

уреди
  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
  2. За поисправна западна граница се смета брегот на поточно Мозамбик.

Надворешни врски

уреди

18°S 41°E / 18° ЈГШ; 41° ИГД / -18; 41