Млинци
Млинци (македонски: јувки или кори) се тестенини во хрватската и словенечката кујна, кои се користат како прилог, најчесто со печено месо од живина.
Млинците се прават од пченично брашно, сол и вода (понекогаш се додаваат и јајца и маснотија), тестото се остава да отстои кратко време, а потоа тенко се сука (околу 1 милиметар). Добиените кори се печат во рерна или на жешка плоча од шпорет. Така спремени можат да стојат и подолго време, ако се чуваат на суво место. При подготовка се кршат (на пр. на парчиња од 5 см) и потоа се преливаат со врела солена вода, или супа, а може да се додаде и сосот од печењето. Млинците брзо ја впиваат водата и омекнуваат, а вишокот на водата се цеди за да не станат премеки.
Најчесто се служат со печена мисирка, патка или гуска. Печена мисирка со млинци е познат хрватски специјалитет, посебно во Загорје и Славонија. Во Словенија печена патка или гуска со млиници традиционално се јаде на денот на Свети Мартин, кој се паѓа на 11 ноември. Во Србија млинците најчесто се приготвуваат во Војводина, каде се служат со свинско или со пилешко месо во сос од павлака. Во Македонија се прави сличен тип на домашни тестенини кои се нарекуваат различно во различни региони: јувки или кори, со таа разлика што не се потпечуваат, туку се сушат на сонце. Во Македонија се служат најчесто како посебно јадење заедно со сирење.
Надворешни врски
уреди- Хрватски рецепт за печена мисирка со млинци
(хрватски) - Словенечки рецепт за патка со млинци (англиски)