Млекара „Здравје“ Радово
Млекара „Здравје“ Радово — друштво со ограничена одговорност за производство на млеко и млечни производи, со производствени погони во Радово, Куманово и Битола.
Вид | Друштво со ограничена одговорност |
---|---|
Дејност | млечна, прехранбена |
Основано | 2002 |
Седиште | Производствени капацитети: Радово, Битола, Куманово, Македонија ул., Скопје , Република Македонија |
Производи | млечни производи (млеко, јогурт, кашкавал, сирење, павлака) |
Оперативен доход | 672 022 044 денари (2019) |
Вработени | 223 (2019) |
Мреж. место | http://www.mlekarazdravje.com.mk/ |
Историјат
уредиМлекара Здравје Радово започнала со работа во с. Радово во почетокот на 2002 година, на 10 км. оддалеченост од Струмица. Во 2004 година, производството се проширило со нов производствен капацитет во Куманово, со што се продолжила традицијата педесет години постоење и производство на поранешниот ЗИК Куманово. Во 2014 година, во Р.Е. Куманово започнало производството на млечни намази. Во 2015 година бил промовиран новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појавил традиционалниот производ сутлијаш. 2016 година била отворена новата фабрика во Битола.
Производство
уредиНа почетокот, асортиманот го сочинувале само десетина производи, а подоцна тој се зголемил на повеќе од 60 производи. Млекара Здравје Радово почнала да работи со 8 вработени, а максимумот изнесувал 360 вработени. Во 2019 година, бројот на вработените изнесувал 223 и според тој показател, Млекарата Здравје Радово била најголемото македонско претпријатие од млечната индустрија.[1]
Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2 500 литри билзголемен на повеќе од 120 000 литри.
Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на компанијата. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во Република Македонија.[2].
Финансиски показатели
уредиВо 2019 година, Млекара Здрваје Радово имала вкупен приход од 672 022 044 денари, со што била третото најголемо претпријатие во македонската млечна индустрија.[3]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 49.
- ↑ „За Нас“. Mlekara Zdravje Radovo (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-03-23. Посетено на 2018-03-13.
- ↑ Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 48.