Михајло Коцјубински
Михајло Михајлович Коцјубински (украински: Михайло Михайлович Коцюбинський), (17 септември 1864 – 25 април 1913) бил украински писател. Неговите дела го опишувале типичниот украински живот на почетокот на 20 век. Првите дела на Коцјубински биле опишани како пример за етнографски реализам, но неговиот стил на пишување станал сè пософистициран со текот на времето. Така, тој се развил во еден од најталентираните украински импресионисти и модернисти.[1]
Мхајло Михајлович Коцјубински Михайло Михайлович Коцюбинський | |
---|---|
Роден/а | септември 17, 1864 Виница, Руска Империја (денес Украина) |
Починат/а | април 25, 1913 Киев, Руска Империја (денес Украина) | (возр. 48)
Псевдоним | Захар Козуб |
Занимање | писател |
Националност | Украинец |
Сопруг/а | Вира Устимивна Коцјубинска |
Деца | Јуриј, Оксана |
Потпис |
Животопис
уредиТој пораснал во Виница, Бар и неколку други градови и села во Украина. Неговиот татко бил службеник и често патувале. Михајло учел во Шархородското релиско училиште од 1876 до 1880 година. Тој ги продолжил своите студии во Камјанечко-подолската богословија, но во 1882 година тој бил избркан од училиштето поради неговите политички активности за време на социјалистичкото движење. Во меѓувреме, тој зел учество во укранското национално движење.
Смрт
уредиПоради неговите срцеви проблеми, Коцјубински поминал долг период во различни болници, поточно во периодот од 1909 до 1911 година. За време на истиот период, тој ја посетил Грција и Карпатите. Во 1911 година, тој се стекнал со пензијата. Тој се стекнал со пензијата во период кога имал кревко здравје и умрел две години подоцна.
Наводи
уреди- ↑ „Kotsiubynsky, Mykhailo“. Encyclopedia of Ukraine. Посетено на 2011-01-01.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Украина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |